Дибала поради Рома одби договор вреден 75 милиони евра

August 24, 2024
1 min read

Стана позната сумата на договорот што ја одби аргентинскиот напаѓач на Рома, Пауло Дибала.

Ал Кадисија на 30-годишниот фудбалер му понудил четиригодишен договор вреден 75 милиони евра ова лето. Сепак, Пауло во последен момент се предомислил за потпишување договор со саудискиот клуб, решавајќи да остане верен на клубот и верните навивачи.

– Изборот на Дибала е реткост во модерниот фудбалски свет. Тоа беше многу емотивна ситуација, полна со подеми и падови. Сега навивачите треба да се гордеат со него. Очекувам утре „Олимпико“ да му приреди посебно добредојде, изјави тренерот на Рома, Даниеле Де Роси.

Минатата сезона Дибала забележа 39 настапи за Рома во сите натпреварувања, постигнувајќи 16 гола и 10 асистенции. Договорот на Аргентинецот со клубот е до летото 2025 година.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Следната недела исплата на „Мој ДДВ“

Следно

Хисени: Привремено ги замрзнувам моите политички активности

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop