„Ди-Џеј Ахмет“ на Унковски, лауреатот на „Санденс“, веќе е продаден во 15-тина земји

March 1, 2025
1 min read

Долгометеражниот првенец на Георги Унковски „ДиЏеј“, кој на фестивалот на незвисен филм беше овенчан со две награди – на публиката и на стручното жири со наградата за креативна визија, веќе е продаден во 15-тина земји, открива во интервју за Рацин.мк режисерот на филмот.

„Сега филмот ќе си има свој живот, нас ни останува да го пратиме и да навиваме за него. Имаме прекрасни вести после пазарот во Берлин (на филмското Берлинарел). Филмот ќе биде дистрибуиран сега за сега повеќе од 15-тина земји. Само еден месец по својата премиера. Очекувам да има долг живот и да го гледаме по кина и фестивали во светот“, вели Георги Унковски.

После Берлин „ДиЏеј Ахмет“ ќе оди и на други фестивали и филмски „берзи“, а на пролет се очекува европската премиера за кога е се најавува и неговата македонска премиера и живот во кината ширум државата, истакнува во интервјуто за Рацин.мк, Георги Унковски.

Премиерниот стрим на интервјуто на Унковски ќе започне утре во недела, на 2 март во 11 часот на каналот на Рацаин.мк на ЈуТјуб.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Го нападнала екс партнерката, млад скопјанец пријавил во полиција

Следно

КСОМ реагира на високите сметки за струја: Грабежот мора да престане

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop