Џолев контра Ковачевски: Измените на КЗ се причината поради која застаруваат предмети, а не бавноста на судот

October 19, 2023
7 mins read

Како аргумент за неговиот став, претседателот на Кривичниот суд се повика на математиката и на околностите кои, во меѓувреме, влијаеле на текот на судските постапки, чија судбина сега ја запечатија или допрва ќе ја запечатат измените на Кривичниот законик. Во тој контекст, Џолев на денешниот брифинг со новинарите рече: Ако се направи обична математика, ќе видите дека воопшто не можеме да правиме муабет за седум, осум или 10 години траење на судски постапки. Туку математиката е пет години и десет месеци, со тоа што ќе повторам дека речиси сите предмети, освен три, се завршени по еднаш, а некои и по два пати. Во таа смисла навистина апелирам да не се вперува прстот во судството“

На денешниот брифинг скопскиот Кривичен суд сподели и статистички податоци извадени од автоматизираниот систем за распределба на судските предмети, според кои, вкупно 36 предмети за 197 обвинети се водат во овој суд за злоупотреба на службената положба и овластувања, односно член 353 од КЗ, кои се под закана од застарување поради измените на Кривичниот законик. Најмногу од обвинетите се во случајот „Змиско око“ за малверзациите со наплаќањето на патарините, кој се суди повеќе од една деценија и кој досега неколкупати беше враќан од Апелација на повторно судење во Кривичен

Во Кривичен допрва ќе треба да се пресметуваат штетите, односно трошоците од судските процеси за кои ќе настапи застареност поради измените на Кривичниот законик. Тие ќе треба да бидат платени од Буџетот на држвата, односно од парите на граѓаните, а за секој ќе се чека поединечно барање. Најмногу пари, како што брифираа денеска во Кривичен, би однеле надоместоците за адвокатите што ги застапувале обвинетите. Нивната тарифа за едно рочиште се движи од 60 000 до 90 000 денари

Претседателот на најголемиот суд во државата – Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев, не се согласува со ставот на премиерот Димитар Ковачевски дека предметите што ги отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО) застаруваат поради долгите судски постапки, а не поради измените на Кривичниот законик.

Претседателот на Основниот кривичне суд Скопје, Иван Џолев / Фото: Архива

Џолев, по повеќе од еден месец од донесувањето и стапувањето на сила контроверзните измени на Кривичниот законик и откако деновиве почнаа да се материјализираат импликациите од нив (со застарување на предметите), на брифинг со новинарите се осврна на овие прашања, за кои невладините организации и дел од правните експерти предупредуваа уште кога измените ја видоа светлината денот.

Тој не го спомена директно премиерот, но рече дека не се точни и ги оцени како манипулација наводите кои се пласираат во јавноста, а ваква забелешка вчера дојде и од Ковачевски, дека судските процеси за предметите траеле „седум-осум години и затоа застаруваат“.

За претседателот на скопскиот Кривичен суд, поверодостојна е спротивната теза – дека токму измените на КЗ се причина за застарување на делата, а не судската динамика на водење на предметите.

Како аргумент за неговикот став, тој се повика на математиката и на околностите кои, во меѓувреме, влијаеле на текот на судските постапки, чија судбина сега ја запечатија измените на Кривичниот законик.

Тој, образложувајќи ја позицијата на Судот, апелираше да се престане престот да се вперува во судството во врска со овие случаи.

„Не прозиваат дека причината за застарување на предметите е судството, судот генерално. Значи, ќе направиме една обична анализа на предметите, колку предмети барем еднаш се завршени. Прво, апелираме да се престане да се вперува прстот во судството, бидејќи навистина тоа што некои предметите се застарени причината не е судството. Се манипулира, на некој начин, со јавноста дека судските постапки траат седум, осум или 10 години. Ако се направи анализа за тоа од кога се процесуираат предметите во Кривичниот суд, зборуваме за предметите на СЈО кои почнуваат на буквата ‘Т’,  тие започнаа на 1 јануари 2018 година. Сега сме 2023 година октомври месец. Ако се направи обична математика, ќе видите дека воопшто не можеме да правиме муабет за седум, осум или 10 години траење на судски постапки. Туку математиката е пет години и десет месеци, со тоа што ќе повторам дека речиси сите предмети, освен три, се завршени по еднаш, а некои и по два пати. Во таа смисла, навистина апелирам да не се вперува прстот во судството“,

рече Џолев на брифингот со новинарите.

Конкретно, тој посочи дека од 21 предмет на СЈО, за 18 барем еднаш била донесена првостепена пресуда, а дел од нив се вратени на повторно одлучување поради одлука на Апелација.

Зградата во која се наоѓа Апелацискиот суд Скопје / Фото: Архива

Тој посочи и дека на текот на водењето на предметите влијаела ковид-кризата и ситуацијата со експецијалната обвинителка Катица Јанева, која заврши во притвор, а потоа и во затвор.

„Ние имавме две години период на огоромен број одложувања на судски рочишта поради ковид- кризата. Постојано имавме обвинет, обвинител, судија, судија поротник, сведок којшто беше болен и поради којшто не можеше да се одржи судско рочиште. Тоа траеше две години. Имавме година дена период каде што главната обвинителка беше во притвор, каде што немавме надлежен обвинител којшто ги застапува предметите, каде што немавме закон за јавно обвинителство“,

посочи претседателот на Основниот кривичен суд.

Друга околност, според Џолев, е тоа што до пред четири години судот немал опрема за аудио и визулено снимање на рочиштата, што е обврска од Законот за кривична постапка (ЗКП).

„Сакам да истакнам дека ние дури во 2019 година добивме донација од аудиоопрема со што се створија услови судењата да се одвиваат непречено и добивме просторни услови за повеќе судења истовремено. Кога сето ова ќе го соберете, ќе видите дека и тие пет години и десет месеци, ако ја минусирате ковид-кризата најмалку две години, година дена проблемот со обвинителството, ќе видите дека овие постапки завршиле за две години, еве нека бидат две и пол години, барем по еднаш, а некои се и правосилни. Така што, не се согласувам дека судските постапки долго траеле“,

рече Џолев.

Претседатрелот на скопскиот Кривичен суд на денешниот брифинг со новинарите / Фото: МИА

Апелација во иднина да размисли за мериторно одлучување, порачува Џолев

Како друг момент за тоа што добар дел од предметите на СЈО се сè уште активни е и тоа што Апелацискиот суд Скопје не носел мериторни одлуки, туку ги враќал предметите на повторно судење во Кривичен.

„Да, сигурно дека можело да биде подобро и од Кривичниот и од Апелацискиот суд, затоа гиќо повикавме и Апелацискиот суд во иднина да размисли за мериторно одлучување, бидејќи веројатно за голем дел од овие предмети, и покрај сите овие проблеми коишто ги наведов, немаше да зборуваме сега и тие ќе беа правосилни“,

рече Џолев.

Зградата на Основниот кривичне суд Скопје / Фото: Архива

Продолжувајќи во однос на измените на Кривичниот законик, претседателот на Основниот кривичен суд Скопје рече дека „секој нормален човек, ќе дојде до заклучок“ дека главниот проблем за застарување на делата се измените во КЗ.  

„Верувам дека секој нормален човек ќе дојде до истиот заклучок, дека главниот проблем за застарување на делата се измените на КЗ. Она што како фела го анализираме е дека веројатно требало да се внимава на тајмингот кога тие измени, ако станува збор за усогласување со европска регулатива, требало да се случат. Дали е вистинскиот тајминг – не знам, веројатно ќе треба да се прават анализи. Меѓутоа, тајмингот за многу работи е многу важен, кога одредени работи треба да се случат во спротивно, може да бидат контрапродуктивни“,

рече тој.

Прашан од новинарите – како е во случајот, Џолев вели:

„Во случајот има многу застарени предмети. Дали требаше да се почека да се завршат, па потоа да се оди со измени, не знам. Но, тоа веројатно треба да биде предмет на анализа понатака“.

Според него, единствената придобивка што ќе произлезе од измените на Кривичниот законик, е тоа што ќе се смени „стварната надлежност во постапувањето“.

„Од предмети по коишто се постапуваше во петорки, двајца судии и тројца судии поротници сега ќе постапува судија поединец што поприлично ќе ја олесни работата на судот, бидејќи самиот судија, независно од друг судија или судии поротници, ќе може да даде поголема динамика, да закаже повеќе рочишта и во таа смисла побрзо да се завршат некои предмети. Значи, единствено тука може да има придобивки за судството од измените на КЗ“,

рече Џолев на брифингот, додавајќи дека во оваа насока тие како суд и досега давале предлози до законодавната и до извршната власт да се смени Законот за кривична постапка и судиите поротници веќе да не бидат дел од судското постапување.

Прашан за конкретен став во врска со измените на Кривичниот законик, имајќи ги предвид досега искажаните ставови на дел од обвинителите и преставници на судството дека ќе имаат далекусежни последици врз владеењето на правото, Џолев е поблаг и вели дека времето ќе каже дали се добри или лоши.

„Мислам дека веќе и обвинителските и судските авторитети се произнесоа во однос на измените на КЗ односно мислам дека беа едногласни, ако точно ги разбрав дека тоа е, на некој начин, упад во судскиот систем и дека навистина во прв момент изгледаат дека не се добри, меѓутоа времето е секогаш она коешто на крај ќе каже дали овие измени се добри или не и дали имаат некаков придонес во смисла на владеење на правото и правната држава“,

рече претседателот на Основниот кривичен суд Скопје.

Со измените на КЗ од прогон може да се спасат речиси 200 обвинети

Инаку, на денешниот брифинг скопскиот Кривичен суд сподели и статистички податоци извадени од автоматизираниот систем за распределба на судските предмети – според кои, вкупно 36 предмети за 197 обвинети се водат во овој суд за злоупотреба на службената положба и овластувања, односно по член 353 од КЗ, кои се под закана од застарување поради измените на Кривичниот законик.

Најмногу од обвинетите се во случајот „Змиско око“ за малверзациите со наплаќањето на патарините, кој се суди повеќе од една деценија и кој досега неколкупати беше враќан од Апелација на повторно судење во Кривичен.

Колкумина од обвинетите ќе се спасат од натамошен прогон поради застарување на делото, сè уште не познато, бидејќи, како што брифираа денеска, Судот ќе чека од Обвинителството да се изјасни за секој предмет поединечно дали ќе констатира застареност или евентуално ќе направи преквалификација на делото.

Досега, официјално, застареност на делото во судница е констатирана во три предмети: случајот против поранешниот член на Судскиот совет и судија Зоран Теофиловски, предметот „Продуцент“ против поранешниот министер за земјоделство и актуелен пратеник Љупчо Димовски и новинарката Ивона Талевска, како и за масовното прислушување – случајот „Таргет-Тврдина“, каде судењето сега ќе продолжи само за уништувањето на опремата за следење на комуникациите.

Допрва ќе се пресметуваат трошоците и штетите

Во Кривичен допрва ќе треба да се пресметуваат штетите, односно трошоците од судските процеси за кои ќе настапи застареност поради измените на Кривичниот законик. Тие ќе треба да бидат платени од Буџетот на државата, односно од парите на граѓаните, а за секој ќе се чека поединечно барање.

Најмногу пари, како што брифираа денеска во Кривичен, би однеле надоместоците за адвокатите што ги застапувале обвинетите. Нивната тарифа за едно рочиште се движи од 60 000 до 90 000 денари.

Како што информираа од Судот, до денеска од благајната на Судот не се исплатени трошоци за застарени предмети врз кои имликации имаат измените на Кривичниот законик.

Дополнителна нејаснотија и како таа ќе се решава ќе биде отштетата што би ја барале или ја бараат оние што биле незаконски прислушувани, имајќи предвид дека предметот „Таргет“ за масовното прислушување застаре.  

„Во моментот нема осудителна пресуда со која оштетените би ги упатила на парница. Доколку има друга варијанта како оштетените би барале во овој предмет штета, е надвор од рамките на овој суд“,

беше кажано на брифингот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вешто лице сведочеше за Ласкарци: АБС системот на автобусот не бил исправен

Следно

Северот на Косово, Украина и Палестина ќе бидат на дневен ред на Советот за безбедност

Latest from Blog

Притвор за три лица осомничени за предизвикување национална омраза

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три полнолетни лица за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 став 1

Сиљановска Давкова за инцидентите со знамето: Повикот за разум, толеранција и дијалог е клучен во вакви моменти

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова преку социјалните мрежи ги осуди вчерашните инциденти кога по повод прославата на Денот на албанското знаме, беше осквернавено македонското знаме. Како што напиша Сиљановска Давкова на својот профил

Казни од 2,2 милиони евра за грчки компании поради лажни попусти

реку специјалната дигитална алатка за откривање лажни попусти што ја користат ревизорските служби на Министерството за развој на Грција, биле откриени 14 компании кои во изминатите седмици се обиделе со лажни попусти

Турскиот претседател ја нагласи потребата од развивање прецизни, трајни и долгорочни политики за миграцијата

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ја нагласи потребата да се пристапи кон миграцијата од сеопфатна перспектива и соодветно да се развијат прецизни, трајни и долгорочни политики, јавува Анадолу.

ОН: Над 60 милиони жени и девојки принудено раселени се соочуваат со висок ризик од родово насилство

ЖЕНЕВА (АА) – Агенцијата за бегалци на Обединетите нации денес алармираше поради огромниот скок на ризикот од родово базирано насилство врз жените и девојчињата принудени да бегаат со оглед на тоа што
Go toTop