Џо Бајден: Најдобар начин да се обедини земјата е предадaвање на штафетата на новата генерација

July 25, 2024
2 mins read

Претседателот на САД Џо Бајден во историско обраќање до нацијата синоќа, прво такво по она на Линдон Џонсон во 1968 година, ја објасни својата одлука да се повлече од претседателката трка и дека „ја предава штафетата на новата генерација“.

Според него таа генерација треба да биде предводена од „големиот лидер, потпретседателката Камала Харис“.

Во говор од свјот кабинет кој траеше околу 20 минути Бајден изјави дека  „ја предава штафетата“ и за прв пат им ја кажа на Американците причината за неговото неочекувано напуштање на изборите во 2024 година.

-Во последниве недели сфатив дека треба да ја обединам мојата партија. Сметам дека мојот труд како претседател, моето лидерство во светот, мојата визија за иднината на Америка – сето тоа заслужуваше втор мандат, рече претседателот на САД.

-Но ништо, ништо не смее да спречи спасување на нашата демократија. Тоа вклучува и лични амбиции. Затоа решив дека најдобриот пат напред е да ја предадам штафетата на новата генерација. Тоа е најдобриот начин да ја обединиме нашата нација, изјави Бајден, алудирајќи на тоа што демократите го сметаат за опасност од враќање на републиканскиот кандидат Доналд Трамп во Белата куќа.

-Длабоко ја почитувам оваа функција, – истакна претседателот и додаде: Но ја сакам мојата земја повеќе.

Во своето прво обраќање до нацијата по излегувањето од претседателската трка, 81-годишниот претседател го претстави своето наследство како извонредно и изјави дека ќе остане на функција уште шест месеци, до крајот на неговиот мандат што завршува на 22 јануари 2024 година.

-Заштитата на демократијата е поважна од кое и да било звање. Сила и радост црпам од работата за доброто на американскиот народ. Решив дека најдобриот пат напред е да ја предадам штафетата на новата генерација. Тоа е најдобриот начин да ја обединиме нашата земја, повтори тој.

Бајден потврди дека во следните шест месеци „ќе биде фокусиран на исполнување на своите обврски како претседател“.

-Тоа значи дека ќе продолжам да ги намалувам трошоците за работничките семејства и да ја развивам нашата економија. Ќе продолжам да ги бранам нашите лични слободи и нашите граѓански права – од правото на глас до правото на избор.

Со подршка дадена од Бајден, потпретседателката Камала Харис (59) собра доволно гласови од делегатите за да стане претседателски кандидат од Демократската партија. Таа е подготвена да се соочи со Трамп, кој веќе ја започна својата предизборна кампања и кој денеска на митинг во Северна Каролина ги истрела  првите стрели против Харис, во говор во негов стил со потсмев и подбивање при што намерно избегнуваше да го изговори нејзиното име правилно.
-Благодарение на вашата поддршка продолжувам да се борам за иднината на нашата земја,- рече Харис во своето обраќање пред заедницата на главното сестринство на Афроамериканките со седиште во Индијанаполис.

Таа го критикуваше „Проект 2025“, радикален план за владина реформа предводена од Трамп, како обид „да ја врати Америка во темното минато“.

Харис (59) во својот говор оддаде почит на Бајден, изјавувајќи дека неговото обраќање е посветено „не само на извонредната работа што ја заврши, туку и на неговата работа во наредните шест месеци“.

Во големо изненадување за американската и светската јавност Бајден во неделата објави дека нема да се кандидира повторно, подлегнувајќи на притисокот по неуспешната дебати со Трамп минатиот месец и по критиките од својата партија дека неговата одмината возраст, когнитивните пречки и говорни лапсуси ќе доведат до победа на Трамп на изборите во ноември.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Женски презимиња во машки род – слобода или помодарство?

Следно

Таравари: Чекаме да се избере новиот Управен одбор за да се комплетира позитивната листа

Latest from Blog

Отворен тренинг за сите – Омерагиќ со покана до јавноста

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop