Џо Бајден и Риши Сунак се состанаа во Белфаст

April 12, 2023
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Американскиот претседател Џо Бајден и британскиот премиер Риши Сунак се состанаа денес во Белфаст, пренесува Анадолу.

Како дел од посетата по повод одбележувањето на 25-годишнината од Договорот од Велики петок/Белфастски договор“, двајцата лидери одржаа разговори во хотелот „Гранд Централ“ во Белфаст, главниот град и најголемиот град на Северна Ирска.

Посакувајќи му добредојде на Бајден, Сунак рече: „Договорот од Белфаст „ја трансформира Северна Ирска во просперитетно место што го гледаме денес“.

„Мојот фокус е на градење подобра иднина за луѓето овде и низ Обединетото Кралство“, додаде тој на Твитер.

И партиските лидери во Северна Ирска одржаа краток разговор со американскиот претседател.

Бајден ќе замине за главниот град на Ирска, Даблин, по неговиот говор на Универзитетот „Алстер“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Фахретин Алтун повика на глобална борба против терористичката организација ФЕТО

Следно

Изготвена проектна документација за изградба на фекална канализација на дел од Илинден

Latest from Blog

Зајакнати мерки за непрописно паркирани возила во централно градско подрачје

Денеска (24.04.2025) во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила низ

Претседателката на ДКСК осомничена во случајот Адитив – одобрени мерки за претпазливост

Мерки за претпазливост за претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, осомниичена во предметот „Адитив“. Кривичниот суд попладнево го прифати барањето на обвинителството за организиран криминал и корупција и одобри привремено одземање на патната

Санкциониран возач кој со возило се движел по велосипедска патека во скопски Бутел

Во врска со објавеното видео во дел од медиумите на кое се гледа како патничко возило “Ауди” со скопски регистарски ознаки се движи по велосипедска патека на ул. “Бутелска” ве известуваме дека
Go toTop