Џенифер Лоренс откри со кои познати актери тешко соработувала: Тоа беше пекол

April 15, 2024
1 min read

Актерката Џенифер Лоренс откри колку и било тешко да работи со Леонардо ди Каприо и Тимоти Шаламе.
Имено, 33-годишната актерка во „The Late Show with Stephen Colbert“ се потсети на снимањето на филмот „Don’t Look Up“, во кој глумеше со Леонардо ди Каприо и Тимоти Шаламе.

Потоа истакна дека за време на снимањето се чувствувала мизерно, а работата со овие актери ја оцени како  пекол.

Иако Лоренс призна дека е интересно да се работи со нејзините колеги, вклучувајќи ги Мерил Стрип, Кејт Бланшет, Марк Рајланс, Роб Морган, Џона Хил и Тајлер Пери, таа истакна дека некои денови биле едноставно неподносливи.

Навраќајќи се на снимањето на популарниот филм, таа призна дека Ди Каприо и Шаламе ја полуделе.

-Тимоти беше само возбуден што беше надвор од куќата. Мислам дека тоа беше неговата прва сцена, а Леонардо избра песна што свиреше во автомобилот за која не можеше да престане да зборува. Само се сеќавам дека се чувствував мизерно тој ден. Беше пекол, рече таа.

Признала и дека поради колегата Џона Хил и било тешко да работи бидејќи често ги смеел на снимањето, па морале да повторуваат одредени сцени.

Филмот „Don’t Look Up“ е научно-фантастична комедија која беше објавена на Нетфликс во 2021 година. Лоренс и Ди Каприо глумат научници кои се обидуваат да ја предупредат светската популација за комета која планира да ја уништи Земјата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел објави: Ќе одговориме на нападот

Следно

Продадени 10.000 билети за последниот натпревар на Никола Карабатиќ

Latest from Blog

Проданоски: Турскиот јазик е важен дел од културниот мозаик во Прилеп

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин

Николоски: Со сложени зафати го решаваме најтешкиот дел од автопатот Охрид–Кичево

Со примена на сложени инженерски решенија кои за првпат се користат во регионот, ќе се доизгради автопатот Охрид–Кичево, најави Александар Николоски. Тој истакна дека се решаваат вкупно 16 косини, од кои на

Потенцијално нови наоди: Пронајден досега непознат влез во најмалата пирамида во Гиза

И илјадници години откако биле изградени, се чини, пирамидите во Гиза сè уште чуваат тајни. Нагласката на најновото истражување е кај Менкауровата пирамида – најмалото од трите зданија, кај коешто тим научници

Гоце Седлоски нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука за избор на нов селектор на македонската А репрезентација. За нов селектор е именуван Гоце Седлоски. Членовите на највисокото
Go toTop