Џем од сливи со ореви

August 18, 2025
1 min read

Во мирисот на топлите есенски попладниња, џемот од сливи отсекогаш го будел чувството на дом и семејна трпеза. Овој рецепт внесува нова димензија со додавање на крцкави ореви и благородниот вкус на виното. Идеален е како додаток на појадок, со сирење или дури и како слатка компонента во некои десерти.

Состојки:

1 кг сливи (извадени семки)
1 ќесичка желатин 3:1
300 грама шеќер
50 мл слатко вино од црно грозје
100 грама ореви (грубо сечкани)

Подготовка:

Измијте ги и исчистете сливите, исечкајте ги на помали парчиња и ставете ги во длабок сад. Варете ги на умерена температура додека не омекнат.
Во мал сад измешајте го желатинот со 2 лажици од шеќерот (одземени од вкупната количина), па додајте го во сливите.
Добро промешајте и варете додека смесата не почне да врие.
Потоа постепено додајте го преостанатиот шеќер, мешајќи постојано.
Продолжете со варење уште 3–5 минути.
На самиот крај, додадете го слаткото вино и оревите. Варете уште неколку минути, па веднаш сипете во претходно стерилизирани и загреани тегли.
Затворете ги теглите цврсто додека се топли и оставете ги да се изладат на собна температура. Чувајте ги на ладно и темно место. По отворањето, чувајте во фрижидер.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОЈО Скопје со постапка против осум лица за масовна тепачка, тинејџер се товари за обид за убиство

Следно

Автобус удри во ограда на автопат во Турција, загинаа три лица

Latest from Blog

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина

Хоџа: Продолжуваме со силни инвестиции во Арачиново

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, и градоначалникот на Арачиново, Даут Беќири, на денешната работна средба го потврдија напредокот на клучните инфраструктурни проекти во општината. Во моментов се активни
Go toTop