Џек Тешеира минатиот јули добил честитка за промоцијата во 102. разузнавачки Винг на Националната гарда на Масачусетс  

April 13, 2023
2 mins read

Честитката упатена до Тешеира и до уште неколку негови колеги е објавена на официјалната фејсбук-страницата на 102. разузнавачки Винг на Националната гарда на Масачусетс. Објавата е со датум од 7 јули 2022 година. Сега тој е уапсен од ФБИ како осомничен за поврзаност со протекувањето на доверливите документи на Пентагон

Името на 21-годишниот припадник на Националната гарда на Масачусетс, Џек Тешеира, кој е уапсен од ФБИ поради поврзаност со протекувањето на доверливите документи на Пентагон, сè уште може да се прочита во објава на официјалната фејсбук-страницата на 102. разузнавачки Винг на Националната гарда, но во поинаков контекст од оној поради кој во четвртокот на 13 април се најде во ударните вести на американските медиуми.

Во објавата, која е со датум од 7 јули, минатата година, нему и на уште неколку негови колеги им се честита промоцијата во разузнавачкиот Винг на Националната гарда.  

„Честитки до некои од најновите промовирани припадници на 102. разузнавачки Винг! Браво!!“  

се вели во објавата, во која е вклучено името на сега осомничениот за протекувањето на документите на Пентагон.

Агенти на Федералното истражно биро (ФБИ) денеска го уапсија Тешеира „во врска со истрагата за наводно неовластено отстранување, задржување и пренесување на доверливи информации за националната одбрана”,  соопшти на прес-конференција јавниот обвинител на САД, Мерик Гарланд. 

„Тешеира е вработен во Националната гарда на воздухопловните сили на Соединетите држави. Агентите на ФБИ попладнево без инциденти го приведоа Тешеира во притвор. Тој ќе има првично појавување во Окружниот суд на САД во областа Масачусетс“, рече Гарланд.

рече Гарланд.

Тој им се заблагодари на ФБИ и на Министерството за правда на САД за нивната „вредна работна во овој случај“.

Апсењето на Тешеира доаѓа по брзата истрага на американските власти за откривање на идентитетот на лицето кое стои зад објавувањето на доверливите документи на платформа на социјалните мрежи популарна кај љубителите на видео-игри.

Пред да биде уапсен од ФБИ, Тешеира беше идентификуван од весникот „Њујорк тајмс“, кој го поврза со онлајн-групата од која на платформа на социјалните мрежи првично биле објавени тајните документи. Според пишувањето на  весникот, станува збор за онлајн-групата Таг Шејкер Централ (Thug Shaker Central) која брои околу 20 до 30 луѓе кои споделуваат интерес кон оружје, расистички содржини и видео-игри. Припадникот на Националната воздухопловна гарда на Масачусетс бил водач на оваа група.    

Американскиот претседател Џо Бајден претходно неколку часа пред да се случи апсењето на Тешеира во Даблин изјави дека во тек е сеопфатна истрага на разузнавачката заедница и Министерството за правда на САД во врска со протекувањето на доверливи документи на Пентагон и дека властите се приближуваат до одговори.     

„Во тек е сеопфатна истрага, како што знаете. Разузнавачката заедница и Министерството за правда работат и се приближуваат“,

рече Бајден прашан за коментар за протекувањето на информациите.   

Документите кои протекоа на социјалните мрежи сугерираат и детално изнесуваат информации за помошта што САД и НАТО и ја пружаат на Украина во војната со Русија, како и за проценките на американските разузнавачки служби поврзани со земјите сојузнички на САД.  

Тајните документи со детали за плановите на САД и НАТО за зајакнување на украинската војска пред планираната офанзива против руските сили, беа обелоденети минатата недела на Твитер и Телеграм, апликација со повеќе од 500 милиони корисници која е широко користена во Русија.   

Портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер, во четвртокот за време на брифингот со новинарите рече дека истекувањето на доверливите информации е „намерно, криминално дело“.   

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гарланд: Уапсен е Џек Тешеира во врска со „истрагата за испраќање доверливи информации за националната одбрана“

Следно

Марсијал на крајот од сезоната заминува во Италија

Latest from Blog

Познат актер е најден мртов во својот стан во Њујорк- играше негативец во легендарен филм

Грин беше пронајден мртов во неговиот стан во Долниот Ист Сајд во Њујорк, потврди неговиот менаџер Грег Едвардс. Тој не ја наведе причината за смртта. Смртта на Грин првпат ја објави „Њујорк

Кој е планот на Трамп за Западен Балкан?

Новата стратегија за национална безбедност на САД, потпишана од американскиот претседател Доналд Трамп, јасно покажува поместување на фокусот од глобалниот ангажман кон строго дефинираните интереси на САД, при што Западниот Балкан се

Капитенот на Интер размислува за трансфер во Интер

Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез, размислува за трансфер во Барселона, објавува „Ел Национал“. Според изворот, Аргентинецот се смета за долгорочна замена за напаѓачот на каталонскиот клуб, Роберт Левандовски. Левандовски одигра 16 натпревари

Божјата рака ги води: Овие 4 знаци влегуваат во Новата година со невидена заштита, грижите исчезнуваат, доаѓа чудо и целосен благослов

Конечно можат да воздивнат со олеснување! Овие 4 знаци ги оставаат сите свои тешки грижи зад себе – Божјата рака ги води во година полна со невидена среќа. Сите сме имале тешки
Go toTop