Џејми Ли Кертис им одговори на фановите, кои ја обвинија за длабокото деколте (ВИДЕО)

August 22, 2025
1 min read

Познатата актерка ги збуни своите обожаватели со неодамнешна облека, со оглед на тоа што вообичаено не се облекува така.

Таа сними тизер видео за Freakier Friday за да им каже на гледачите што да очекуваат од филмот и да ги охрабри да одат во кино. Но, сè што кажа, како и сцените од филмот, паднаа во втор план кога обожавателите видоа како е облечена Џејми. Ако не сте го виделе виралното видео, еве за што станува збор:

„Извинете, расеана сум“, „Дали отсекогаш била ваква?“, „Мислев дека е вештачка интелигенција за секунда“, „Сè уште е премногу згодна, би бил среќрн да ѝ бидам дечко“, „Мамо“, „Немам ништо пристојно да кажам“, „Гледам, но со почит“, се некои од многуте коментари.

Кертис се огласи откако видеото стана вирално

Актерката виде дека стана вирална поради нејзиното деколте, па реши да им одговори на обожавателите во свој стил.

„Ми се допаѓа фактот што последната моја фотографија како Тес, направена зад сцената во костими по моето изненадувачко појавување во театарот Ел Капитан во Лос Анџелес во поддршка на „Freakier Friday“, привлече повеќе внимание од која било друга објава што ја споделив по објавата со Линдзи Лохан, што го поттикна снимањето на филмот. Среќна сум што можам да ја ширам радоста за која е наменет нашиот филм“, напиша Џејми.

Продолжение на филмот од 2003 година.

Комедијата „Freakier Friday“ е продолжение на познатиот „Freakier Friday“ од 2003 година. Пристигна во кината на почетокот на август.

Продолжението добива меѓугенерациски пресврт и се одвива години откако Тес (Џејми Ли Кертис) и Ана (Линдзи Лохан) првпат ги сменија телата. Ана сега има своја ќерка, како и идна посвоена ќерка. Додека се обидуваат да ги спојат двете семејства, Тес и Ана се соочуваат со нови предизвици и откриваат дека гром навистина може да удри двапати.

Овој пат не станува збор само за замена на телата на мајка и ќерка, како што беше во оригиналот од 2003 година, туку за четворна замена – Ана, Тес, ќерката на Ана и посвоената ќерка се будат во сосема нови тела.

На главните актерки Линдзи Лохан и Џејми Ли Кертис во продолжението им се придружуваат актерите од оригиналниот филм Чед Мајкл Мареј, Марк Хармон, Кристина Видал Мичел, Хејли Хадсон, Лусил Сунг, Стивен Тоболовски и Розалинд Чао. Меѓу новите актери се Мани Хасинто, Маитреји Рамакришнан, Софија Хамонс и Џулија Батерс.

Извор: vecer.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Додик: Ќе се повлечам од политиката на 10 години, но под еден услов

Следно

Средба Ѓорѓиевски – „Анимад Мунди“: нови решенија за хумано справување со бездомните животни во Скопје

Latest from Blog

Британска инфлуенсерка до смрт избодела маж во Дубаи- се соочува со смртна казна со стрелање

Џорџ, од Кент, Велика Британија, убила Британец кого го запознала преку Фејсбук. Активистичката група „Притворени во Дубаи“ тврди дека Џорџ го избодела мажот во самоодбрана, но предупредува дека доколку биде прогласена за

Мицкоски за реконструкцијата на владата: Понекогаш тоа се прави затоа што се менуваат приоритетите

Секоја реконструкција не е реконструкција поради резултати, дали тие резултати биле добри или недоволно добри, или воопшто немало резултати, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски во „Отвореното студио“ на МРТВ. -Понекогаш рекунстукцијата се

Коњановски: Битола подготвува стратегија за урбано зеленило и нов систем за отпад

Тони Коњановски денеска истакна дека изработката на Стратегијата за развој на урбано зеленило и воведувањето на подземни садови за отпад претставуваат две суштински мерки кои директно влијаат врз подобрувањето на квалитетот на

СЕ МЕНУВААТ ЛИ ГРАНИЦИТЕ ВО ИСТОЧНА ЕВРОПА – Романија отвори процес за обединување со Молдавија!

Долниот дом на парламентот на Романија вчера го унапреди предлог-законот со кој се прогласува дека треба да отпочнат преговори за обединување со соседна Молдавија, објави „Романија инсајдер“. Предлогот беше автоматски усвоен, откако
Go toTop