Џамија во Германија собра симпатии откако понуди место за градинка оштетена во поплавите

November 14, 2024
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Џамијата Фатих во градот Шробенхаузен во Германија собра многу симпатии кај јавноста откако ги отвори вратите за градинка поврзана со Католичката црква, што беше оштетена во јунските поплави, јавува Анадолу.

Џамијата Фатих во Шробенхаузен, град на околу 80 километри од Минхен во Горна Баварија, работи во рамките на Турската исламска заедница во Германија (ДИТИБ).

Градинката Марија Вард, која работи поврзано со Католичката црква, бараше нова локација откако беше значително оштетена во поплавите.

– Место за градинка –

Во пресрет веднаш излегле претставниците на џамијата Фатих, кои им рекле дека можат да им обезбедат место за градинка.

Раководството на градинката го прифати предлогот, па на градинката ѝ беше ставена на располагање нова конференциска сала од 400 метри квадратни во рамките на џамијата која беше отворена на 4 октомври.

Многумина во Германија го пофалија овој гест на претставникот на џамијата Фатих, а весникот „Донау куриер“ објави дека ова е „уникатен пример“, додавајќи дека и родителите на децата се презадоволни од решението и ваквиот развој на настаните.

– Единство и солидарност –

Менаџерката на градинката, Зита Етл, во изјава за весникот вели дека е многу среќна што нашле привремено решение и им се заблагодари на сите кои придонеле да се оствари тоа.

Асир Озен од ДИТИБ во Шробенхаузен, кој ја загуби сопругата во поплавите, рече дека споменатата градинка претрпела големи штети и дека сакале да понудат решение за сите да бидат задоволни.

Тој истакна дека во градинката има повеќе од стотина деца, а од родителите добиле многу добра повратна информација.

Рече дека овој пример покажува дека муслиманите живеат во единство и солидарност со сите граѓани на Германија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Преку соработката на компанијата „СОКАР“ со АД ЕСМ државата ќе добие уште пониска цена на гас

Следно

Туркије и Катар потпишаа 8 стратешки договори во Анкара

Latest from Blog

Хороскоп за февруари: Кој ќе заработува повеќе, а кој мора да ги промени своите навики

Февруари ќе донесе финансиски напредок кај Лавовите, Скорпиите и Рибите Астролошката констелација од февруари 2026 година носи специфичен сет на аспекти кои директно влијаат на финансиската слика. Сончевото затемнување во Водолија на

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Левица и ССМ вечерва на протест собраа едвај илјада лица

Таканаречените борци за работнички права, или СДС и Левица заедно со нивните синдикати, поточно Сојузот на синдикати на Македонија вечерва ја покажаа својата сила, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Почина Алексис Ортега, актерот што го синхронизираше Спајдермен

Актерот Алексис Ортега се прослави со синхронизацијата на Питер Паркер во Марвеловиот филмски универзум. Во официјалното соопштение објавено на Инстаграм-страница посветена на светот на синхронизацијата се наведува: „Со жалење објавуваме дека почина

МУСКУЛИТЕ ШТО МУ ПОМАГААТ НА СРЦЕТО Зошто листовите се „второ срце“

Повеќето луѓе мускулите на листовите ги доживуваат исклучиво како помош при одење, трчање или одржување рамнотежа. Сепак, зад нивната секојдневна функција се крие изненадувачки важна улога за целиот организам. Зад мускулите на
Go toTop