Џафери со честитка по повод 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука

November 22, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери, по повод одбележувањето на 22 Ноември – Денот на албанската азбука, упати честитка до припадниците на албанската етничка заедница во Северна Македонија и во светот, пренесува Анадолу.

„Најсилното орудие на еден народ, унифицираната азбука со која пишуваме, читаме и ги шириме албанскиот јазик, албанската култура, обичаите, посебностите и фолклорните традиции, го започна својот пат пред точно 115 години на Битолскиот конгрес, на кој се собра интелектуалниот врв на Албанците и донесе одлука за азбуката што стана катализатор на интелектуалното, културното и уметничкото издигнување на албанскиот народ, но, над сѐ, наш идентитетски знак“, нагласи Џафери, се вели во соопштението на Собранието на Северна Македонија.

Тој рече дека тие, како одговорни политичари, имаат обврска да го чуваат и надградат тој аманет на секој чекор, со секое дело и со секоја иницијатива што ја преземаме, а младите генерации треба да ја знаат вредноста на жртвата што е направена за да се постигне да се биде на рамниште на етаблирани светски нации со цврст и неоспорен идентитет.

„Јазикот е моќна алатка што нѐ обединува помеѓу себе, а во Република Северна Македонија, како земја во која се негуваат и почитуваат сите различности, тоа е додадена вредност што обединува и луѓе и идеи, придонесува во напредокот и развојот на државата. Ви посакувам празникот да го поминете во убава и свечена атмосфера, а убавиот збор нека биде водилка во нашето секојдневје. Честит 22 Ноември – Денот на албанската азбука“, додаде Џафери во својата честитка.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Подгответе се за Black Friday  во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети -Големи попусти и многу забава

Следно

ЕУ и Белгија го поздравија договорот за хуманитарна пауза меѓу Израел и Хамас

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи
Go toTop