Џафери се сретна со делегацијата на Собранието на Албанија

December 12, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери, оствари средба со делегацијата на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Албанија, предводена од Мими Кодели, претседателката на Комисијата, пренесува Анадолу.

Како што стои во соопштението на Собранието, Џафери изрази големо задоволство од средбата и истакна дека двете земји градат одлични билатерални односи, со интензивен политички дијалог и соработка во значителен број области од заемен интерес.

„Интензитетот на реализирани билатерални посети на сите нивоа е еден од најдобрите показатели за квалитетот на односите меѓу двете држави. Тој изрази убедување дека таа соработка ќе продолжи и во иднина, со уште поголема динамика. Северна Македонија и Албанија споделуваат заеднички цели и интереси на надворешнополитички план, а тоа е членството во Европската Унија, соработката во рамките на НАТО, како и продлабочувањето на регионалната соработка“, стои во соопштението.

Џафери ги информираше колегите пратеници од албанското Собрание за донесувањето на новиот Деловник за работа на Собранието со консензус и по повеќегодишен заеднички труд, како и за неодамнешното одржување на Дијалогот Жан Моне на Собранието со Европскиот парламент во куќата на Жан Моне во Базош, Франција.

Претседателката на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Албанија, Кодели, истакна дека двете земји споделуваат заеднички вредности и историја, како и заеднички аспирации за членство во Европската Унија. Таа истакна дека е потребна натамошна демократизација на сите земји од Западниот Балкан, со цел целиот регион да стане дел од Европската Унија.

„Таа укажа дека имаат длабока почит за напорите и тешките одлуки кои ги донела Република Северна Македонија, имајќи ја предвид иднината на земјата и благосостојбата на граѓаните“, стои во соопштението.

Двајцата соговорници изразија очекување и надеж дека Северна Македонија и Албанија заеднички ќе го продолжат својот пат кон европската интеграција, додавајќи дека тоа би било добро и за останатите земји од регионот, бидејќи заедничка е посветеноста за сеопфатен развој на Западен Балкан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Бубевски: Материјалните докази соодветствуваат со исказите на осомничените за убиството на Вања и Панче

Следно

Израел признава дека поседува муниција што содржи бел фосфор

Latest from Blog

Видео-Тузла: Во пожар во Дом за пензионери загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 10 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.
Go toTop