Џафери побара ЈО да отвори постапка за инцидентот во Собранието: „Крмов да ја плати штетата“

November 21, 2023
1 min read

реклама


По вчерашниот инцидент на пратениците од Левица Борислав Крмов и Димитар Апасиев во собраниската сала во која беше искршен собранискиот компјутер и дел од инвентарот од масата на претседателот на Собранието, народните избраници денешната седница ја продолжија во големата сала под куполата.

Од собраниските служби велат дека по завршувањето на вчерашната седница МВР извршил увид и дека во моментов се врши проценка од страна на собраниската комисија, осигурителна компанија и Бирото за судски вештачења, по што ќе се знае точно и колкава е штета настаната од вчерашниот инцидент.

реклама

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека Крмов треба да биде кривично гонет бидејќи пратеничкиот имунитет не важи надвор од собраниската говорница.

„Постапката треба да ја води Обвинителството или по пријава од полиција или по допрен глас од она што се гледа дека се случувало на седницата од која има директен пренос.“, вели Џафери.

реклама

Според Џафери по извршената проценка, штетата ќе треба да ја плати Крмов.

„За тоа колкава материјална штета е направена дополнително ќе биде соопштено, но таа ќе треба да биде надоместена од пратеникот Борислав Крмов од Левица кој го искрши мониторот и друг инвентар од претседавачката маса во пленарната сала. Ако некој од вработените направи штета на работа, тој го плаќа трошокот. Така ќе биде и во овој случај.“, рече Џафери.

реклама

Крмов а потоа му се приклучи и Димитар Апасиев фрлаа со амандманите директно кон потпретседателот на Собранието Горан Мисовски кој во моментот ја водеше седницата. Го прашавме Мисовски дали ќе покрене постапка за ваквиот напад кон него, но тој рече дека засега останува на реакцијата за осуда како неприфатлив начин на однесување. Од СДСМ и ВМРО и овој инцидент го искористија за меѓусебно обвинување.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ веднаш реагираше дека инцидентот е договор меѓу Левица и СДСМ и ДУИ, додека од СДСМ искоментираа дека Левица и ВМРО-ДПМНЕ се партнери кои создаваат хаос во Собранието.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Столтенберг до пратениците: Со членството на НАТО видовте повеќе инвестиции, работни места и зголемен раст

Следно

Спасеновски за крстот на Шапка: Природно е да има верски симболи во дворови на верски храмови, политичката корист од разгорувањето на меѓурелигиските тензии прави штета

Latest from Blog

Николоски: Државата е посветена на препораките на УНЕСКО

Висока владина делегација оствари средба со највисокото раководство на УНЕСКО, на која беше потврдена јасната определба на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион како природно и културно

Расчистен подрумскиот простор на Центарот за култура во Прилеп

Подрумскиот простор на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, кој со години беше користен како несоодветен паркинг, повторно се враќа во својата намена и функционалност, соопштија од Општина Прилеп. Во координација

Европол: Разбиена криминална мрежа за шверц на кокаин од Јужна Америка во Исланд

Се проценува дека таа криминална мрежа остварила нелегална заработка од околу четири милиони евра од трговија со кокаин, се наведува во соопштението на Европол. Во координирана операција спроведена на 4 февруари уапсени

Стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање

Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање. Целта на истата е на најтранпарентен начин со

Соопштение од Општина Прилеп за состојбата и иднината на ФК Победа

Општина Прилеп со големо жалење ја прими веста за одлуката на раководството на ФК Победа за повлекување на сениорската екипа од натпреварувањето во Втората македонска фудбалска лига. Како институција која е секогаш
Go toTop