Џафери: Не е противуставно да бидам премиер

December 12, 2023
1 min read

реклама


Нема ништо противуставно во тоа ДУИ да ја предводи функцијата премиер на техничка влада, изјави вечерва претседателот на Собранието, Талат Џафери, во интервју за „Клик плус“ на ТВ21.

Џафери, кој е предложен од ДУИ за премиер на техничката влада, сто дена до парламентарните избори, во одговор на прашањето кој треба да предложи премиер, најголемата партија во Собранието или коалицијата со најголем број на пратеници,  истакна дека политичкиот договор меѓу ДУИ и СДСМ е базиран на Уставот.

реклама

Тој рече дека наместо најголемата партија, премиер предлага коалицијата со најголем број на пратеници.

-Ако законот вели партијата со најголем број пратеници, согласно Уставот Влада или премиер предлага коалицијата со најголем број пратеници. Значи иако во Законот за Влада така пишува, Уставот дава можност премиер да биде предложен од коалицијата која има 61 или повеќе пратеници, посочи Џафери.

реклама

За тоа со што ја заслужил функцијата премиер, Џафери рече дека тоа што тој го направил е дека ја работел работата „што беше дефинирана со закон“.

-Мислам дека не сум направил нешто конкретно, туку само ги исполнив работите согласно обврските утврдени со закон, изјави Џафери. 

реклама

Во однос на тоа и на одредени реакции од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Џафери рече: „ВМРО-ДПМНЕ го прифати Талат Џафери за министер за одбрана во 2013, зошто би имале против да ме прифатат за премиер“.

Џафери од друга страна не ја исклучува и можноста да има техничка влада без ВМРО-ДПМНЕ, велејќи дека и во претходната техничка влада беше разрешен министер од редовите на оваа партија.

На прашањето околу реакциите на дел од политичарите кои коментираа дека Џафери не е прифатлив како премиер за етничките Македонци тој одговори дека имало слични реакции и кога беше предложен за министер за одбрана во владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски, а имало реакции и кога беше предложен за Претседател на Собранието.

Џафери рече дека Собранието не е физички однесено на друго место, туку останало тука каде што било и претходно и потенцира дека им служи на сите граѓани на Македонија согласно Уставот и законите, и дека истото ќе биде и како премиер односно ќе работи исто како и досега.

-Се среќавам со многу Македонци, добивам коментари од нив, слушам реакции, можам да кажам дека за голем дел од нив е прифатливо моето решение за премиер, нагласи Џафери. 

Објаснува дека функцијата претседател на Собранието може да ја извршува до гласањето на техничката Влада. 

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еврејски активисти се врзале со синџири за оградата на Белата куќа и побарале прекин на огнот во Газа

Следно

Промоција на книгата „Патот на водата“ од Гордана Каракашевска

Latest from Blog

Проданоски и Андоновски на настан за дигитална безбедност во Прилеп

Прилеп денеска беше одбележан Меѓународниот ден на побезбеден интернет – 11 февруари, со настан што се одржа во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, во присуство на министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски,

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Венко не само што се инволвирани во трговијата со дрога, очигледно претерано ја конзумираат

Ако подетално се погледнат прес-конференциите и заклучоците на СДС, ќе се дојде до сознание дека не само што нивни структури се поврзани со трговијата на марихуана туку се активни конзументи на истата,

Стратешкото партнерство со САД е двигател за енергетскиот развој, вели Божиновска

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата се разговарало за продлабочување на
Go toTop