Девојки од Бугарија скокнале од воз во движење, зашто ја промашиле станицата- едната се бори за живот

August 27, 2025
1 min read

20-годишната девојка се здобила со сериозни повреди и е во критична состојба, објавува порталот 24chasa.bg.

Инцидентот бил пријавен во службите за итни случаи во вторник околу 13:30 часот. Според првичните информации, девојките скокнале од прозорецот додека возот бил во движење.

Според извештаите, тие скокнале од возот во движење бидејќи ја пропуштиле станицата каде што требало да слезат.

Наводно, не успеале навреме да ја отворат вратата од вагонот. Кога конечно не успеале да го сторат тоа, решиле да скокнат, но возот веќе добивал брзина.

Покрената е предистражна постапка и е известено Окружното обвинителство.

Поради инцидентот, сообраќајот помеѓу станиците „Клисура“ и „Стрјама“ во Бугарија бил привремено прекинат.

Според Антонија Иванова од прес-центарот на Универзитетската болница за активен третман „Свети Георги“ во Пловдив, состојбата на 20-годишното девојче е исклучително лоша, објавува 24chasa.bg.

„Во моментов не можам да дадам никакви дополнителни информации. Другото девојче, кое има 21 година, е хоспитализирано во клиника во здравствена установа во стабилна состојба“, рече таа.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Венера во Лав: Што ги очекува хороскопските знаци?

Следно

Гинисовата книга на рекорди бара 70 интересни потфати по повод 70. годишниот јубилеј

Latest from Blog

Дали новиот лидер на Иран е геј- во Белата куќа не можеле да престанат да се смеат, Трамп со урнебесна реакција

Американскиот претседател Доналд Трамп беше запрепастен кога минатата недела дозна дека американските разузнавачки агенции посочиле дека новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, можеби е хомосексуалец – и дека неговиот татко, покојниот

Трипуновски: Политиките ги креираме заедно со земјоделците, кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, стартува од општина Босилово

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во гостувањето во Дневникот на Алсат Телевизија говореше за кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, нагласувајќи дека директната комуникација со земјоделците е
Go toTop