Девизи, детокс чаеви и глава за мотор за товарно возило, дел од заплените на Мобилна царина    

November 1, 2023
1 min read

реклама


 Поголем износ на девизи, 250 кутии детокс чаеви, но и нова глава за мотор за товарно возило се дел од заплените на мобилните тимови при Секторот за контрола и истраги на Царинска управа, во текот на изминатите денови.

Од Царинската управа посочуваат дека во два посебни случаи мобилните тимови откриле 15.100 евра, коишто возачи на камиони сакале да ги изнесат од државата преку преминот Табановце без да ги пријават, криејќи ги во чорапи и на различни места во возилата. 

реклама

– Во првиот случај се пронајдени вкупно 11.100 евра, од кои 7.000 евра биле скриени во чорапите на возачот, додека останатите девизи биле во неговиот паричник и во плико во кабината на возилото. Во вториот случај се откриени 8.000 евра кои возач на камион ги скрил во кабината на камионот под капакот на автоматскиот менувач. Во двата случаи на возачите, инаку македонски државјани, им се вратени по две илјади евра, сума која можат слободно да ја изнесат од државата, додека останатите девизи се задржани. Против лицата ќе бидат поведени соодветни прекршочни постапки, информираат од Царинска управа.

На граничниот премин Блаце, на влез во државата во два посебни случаи двајца косовски државјани се спречени во намерата нелегално да внесат 250 детокс чаеви и нова глава за мотор за товарно возило.  

реклама

– Детокс чаевите се откриени при контрола на комбе со косовски регистарски таблички под седиштата на возилото, додека главата за мотор за товарно возило е откриена во патничко возило со косовски регистарски таблички, во багажникот покриена со ќебе и јакна. И во овие случаи непријавените производи се привремено задржани, а против лицата ќе бидат поднесени соодветни постапки, соопштуваат од Царинска управа. 

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел фрли 18.000 тони бомби во Газа, 1,5 пати повеќе од бомбите фрлени во Хирошима

Следно

Србија: Претседателот Вучиќ распиша парламентарни избори за 17 декември

Latest from Blog

Николоски: Државата е посветена на препораките на УНЕСКО

Висока владина делегација оствари средба со највисокото раководство на УНЕСКО, на која беше потврдена јасната определба на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион како природно и културно

Расчистен подрумскиот простор на Центарот за култура во Прилеп

Подрумскиот простор на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, кој со години беше користен како несоодветен паркинг, повторно се враќа во својата намена и функционалност, соопштија од Општина Прилеп. Во координација

Европол: Разбиена криминална мрежа за шверц на кокаин од Јужна Америка во Исланд

Се проценува дека таа криминална мрежа остварила нелегална заработка од околу четири милиони евра од трговија со кокаин, се наведува во соопштението на Европол. Во координирана операција спроведена на 4 февруари уапсени

Стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање

Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање. Целта на истата е на најтранпарентен начин со

Соопштение од Општина Прилеп за состојбата и иднината на ФК Победа

Општина Прилеп со големо жалење ја прими веста за одлуката на раководството на ФК Победа за повлекување на сениорската екипа од натпреварувањето во Втората македонска фудбалска лига. Како институција која е секогаш
Go toTop