Деветнаесетгодишно момче загина во минско поле во БиХ

August 31, 2025
1 min read

Инцидентот се случил во близина на Добој, во централниот дел на Босна и Херцеговина, а младиот човек, Мехмед Хасанамиџиќ, им подлегнал на повредите. 

Според достапните информации, тој загинал вчера кога влегол во обележано минско поле.

-Тој ми беше сèе. Работеше, беше вреден. Се боревме заедно за корка леб. Одеше таму горе да се грижи за козите што често талкаат во минските полиња. Се обидуваше да ги врати. И тогаш нешто пукна, изјави за порталот „Аваз“ Ферида Хасанамиџиќ, мајка на починатото момче.

Семејството живеело во селото Хоџиќи, од кое Бошњаците биле протерани за време на војната, но многу семејства сепак одлучиле да се вратат.

Неколку други локални жители, исто така, биле убиени или сериозно повредени од мини претходно.

Според податоците од Центарот за деминирање на БиХ (MAC), од крајот на војната во БиХ од мини настрадале вкупно 1.781 лице, од кои 624 починале.

Загинале и 53 пиротехничари ангажирани во расчистување на мински полиња.

Повеќе од 800 квадратни километри од БиХ се уште се минирани, а се претпоставува дека таму има повеќе од 170 илјади мини.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛЕН ја отвора дилемата: Што стои зад средбата Османи–Груевски во Унгарија?

Следно

Поранешната филмска ѕвезда сега е мајка Лукија

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop