Детската поворка ја разубави Прочка 2026 во Прилеп

February 21, 2026
1 min read

По неколкугодишна пауза, денес во Прилеп повторно се одржа Детскиот карневал, како дел од традиционалниот Меѓународен карневал Прочка 2026.

Малите маскирани учесници, исполнети со креативност и радост, ја започнаа својата поворка од дворот на основното училиште „Кочо Рацин“, од каде што продолжија низ прилепската чаршија. Карневалската атмосфера кулминираше на плоштадот „Методија Андонов Ченто“, каде децата ги претставија своите маски и настапи пред бројната публика.

Со шаренило од бои, уникатни костими и насмевки, најмладите уште еднаш покажаа дека духот на Прочка живее и се пренесува од генерација на генерација.

 

Детскиот карневал го означи почетокот на годинашното издание на Меѓународниот карневал Прочка 2026, кој и оваа година ветува богата програма и многу посетители.

Видеото може да го погледнете на Инфо Компас

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски: Насмевките на децата се најубавата најава за Прочка во Прилеп

Следно

Пресврт: Престијани призна, ама цехот ќе го платат Винисиус и Мбапе!

Latest from Blog

Комуналец Прилеп: Населбата Бончејца заглавена поради мебел пред контејнерите

Во моментот, цела покуќнина е изнесена до контејнерите на улицата Бидимаш во населбата Бончејца, соопшти ЈКП Комуналец Прилеп. Дел од мебелот се наоѓа на сообраќајницата и го попречува нормалното движење на возила,

Божиновска на средба со „Chevron“ за диверзификација и стабилност во снабдувањето со енергенси

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба во канцеларијата на Chevron Corporation во Вашингтон, посветена на унапредување на енергетската соработка и обезбедување стабилно и диверзифицирано снабдување со нафта

Иранскиот претседател: Над 14 милиони Иранци се подготвени да ги дадат животите за одбрана на земјата

„Повеќе од 14 милиони горди Иранци досега изразија подготвеност да ги жртвуваат своите животи во одбрана на Иран. И јас бев, сум и ќе бидам подготвен да го жртвувам својот живот за
Go toTop