Деспотовски: Ниту има врска со изборите и техничката влада, ниту е нешто спорно во договорот со „Стентон градба“

January 3, 2024
1 min read

реклама


 Паркиралишта, градинки, примарна здравствена заштита, простор за сместување и складишта, се само дел од дополнителните услуги што треба да ги испорачуваме ако сакаме да обезбедиме современи услови за работа во зоните, рече денеска директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски, одговорајќи на новинарско прашање во врска со „Стентон градба“. 

Според Деспотовски, ниту има некаква врска со претстојните избори, ниту е нешто спорно во договорот со „Стентон градба“ која треба да изведе неколку објекти за времено сместување – амбуланта во зоната Скопје и скалдишта и градинки во зоните Скопје, Штип и Прилеп.

реклама

-На вработените во најголемата зона во Скопје која моментно ангажира 7 000 – 8 000 луѓе, најблиската примарна здравствена заштита им е на 20 километри. Извинете, но тоа не е современ услов за работа. Елементарна работа е и градинка, дел од современиот концепт на работење е големите компании да го обезбедуваат тоа. Ние тоа го обезбедуваме и тоа ќе си биде, секако, на база на комерцијална основа, Навистина не гледам што е спорно. Имавме редовна постапка, тоа беше предвидено со Годишната програма за 2023-та, три различни зони се и целосно нов концепт – не се паркиралишта, паркиралишта се еден елемент, градинки, примарна здравствена заштита, простор за сместување и складишта кои се даваат на располагање на компаниите врз база на спроведена анкета. Ова е нов пристап во разивањето на зоните со што даваме дополнителни услуги, нагласи директорот.

Постапката за тендерот, напомена. била редовно спроведена, а учествувале две компании во конкурентен процес.

реклама

-Навистина не знам во што е проблемот. Не знам од кога стана проблем во државата да се вложува во градинки и во здравствена заштита. И нема врска ниту со техничка, ниту со нетехничка влада. Ние нема да застанеме да работиме. По таа логика денеска требаше да им кажеме на дечкиве – дечки вие на пауза сте, нема година дена да примате плата додека не заврши изборниот процес во државата. Зошто? Зошто е тоа потребно? Сакаме да зборуваме како овие деца да ги задржиме, како да им понудиме подобри услови. Платите не се единствен сегмент. Во зоните моментно работат 18 000, а до крајот на годината ќе бидат 20 000 луѓе, потенцира Деспотовски по промоцијата на новата инвестиција во Скопје 1.  

Премиерот Димитар Ковачевски не знае, како што рече, што има врска техничка влада со правење паркинзи.

реклама

-Јас не можам да имам став за нешто што не сум го водел како процес. Директорот и неговите служби знаат, тие може да ви одговорат најдобро. Сепак е јавна набавка, а јавна набавка се прави врз основа на Закон за јавни набавки. Ако го запазиле Законот за јавни набавки и целата постапка, тогаш се е во ред. Доколку има некакви прашања, тогаш тие што ја спроведувале постапката најдобро ќе одговорат, подвлече премиерот. 

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Центар: Хуманоста сите не сплоти, за неколку дена собрани средства за лекување на младиот Лео

Следно

Турски МИТ неутрализираше терорист на ПКК во Северен Ирак

Latest from Blog

Во четвртиот квартал лани 1.004 новоизградени станови, во фаза на градба се 26.522

Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од октомври до декември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 1.004 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 159

Карик: Никој не може да гарантира дека ќе победиме и на следниот натпревар

фото: Manchester Utd (X) Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, не верува дека победите на фудбалските натпревари можат да бидат загарантирани. „Црвените ѓаволи“ претходно ја обезбедија својата четврта последователна победа, победувајќи го

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Иран ја осуди активистката за човекови права и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, на дополнителни седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија денес нејзините поддржувачи, повикувајќи

Мицкоски: Вистинскиот избор за заедничка иднина, избрани претседатели на партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донела одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата

Меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“ ќе се гради во Стар парк во Кочани

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“. Овој простор е
Go toTop