Деспотовски нема да поднесе оставка на местото во ТИРЗ по прозивката на Мицковски

May 11, 2024
1 min read

Нема да коментирам. Ова е одговорот на првиот човек на индустриските зони Јован Деспотовски, откако завчера лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека странски компании кои сакале да вложат во зоните се жалеле од првиот човек на ТИРЗ. Деспотовски вели дека е отворен за разговор за сите заинтересирани компании, а некои разговори веќе се во тек.

Според Деспотовски, најдобар одговор на обвинувањата се резултатите кои слободните зони ги постигнале во последните осум години. Компаниите во Технолошко индустриските развојни зони во април годинава оствариле извоз од 300 милиони евра што е за осум проценти повеќе во однос на истиот месец лани и 21 процент повеќе во однос на април 2022 година, вели Деспотовски.

Ден по пбедата на парламентарните избори, првиот човењк на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски најави голема инвестиција во енергетиката, но и две странски инвестиции во слободните зони. Сепак, како услов за нивни влез рече дека е оставката на првиот човек на зоните Деспотовски, кого го најави како иден лидер на СДСМ.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уште 28 загинати во Газа во изминатите 24 часа, вкупниот број достигна 35.000

Следно

Мурињо преговара со Фенербахче

Latest from Blog

Уметноста на живеењето како заедничка вредност: Diners Club и Драмски театар во нова ера на соработка

Во срцето на секоја заедница стојат приказните кои не обликуваат, а во Скопје, тие приказни веќе осум децении се раскажуваат на сцената на Драмски театар. Токму во годината на овој значаен јубилеј

Повеќе ред и хигиена на гробиштата во Прилеп

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп поставија дополнителен број корпи за отпадоци на Старите и Новите градски гробишта во Прилеп, со цел подобрување на хигиената и одржувањето на просторот. Од претпријатието информираат дека

Божиновска: Модернизацијата на енергетиката продолжува со нови проекти

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски, присуствуваше на свеченото отворање на новата 100/35 киловолтна трафостаница „Централна“ во Скопје,
Go toTop