Десетици илјади Израелци протестираа за заложниците во Газа и разрешувањето на шефот на Шин Бет

March 23, 2025
1 min read

ЕРУСАЛИМ/ИСТАНБУЛ (АА) – Десетици илјади Израелци протестираа синоќа барајќи прекин на војната во Појасот Газа за да се заштитат животите на израелските заробеници и против разрешувањето на шефот на Шин Бет, Ронен Бар, пренесува Анадолу.

Израелските медиуми, меѓу кои и весникот „Једиот Ахронот“, Канал 12 и јавниот сервис КАН, соопштија дека демонстрантите излегле на улиците низ земјата за да извршат притисок врз владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху да ги запре воените операции во Газа поради стравувањата за заложниците.

Еден од најголемите протести се одржа на плоштадот Хабима во центарот на Тел Авив. Во Западен Ерусалим, демонстрантите се собраа против потегот на владата за разрешување на Бар и продолжување на војната во Газа, тврдејќи дека тоа ги загрозува животите на заложниците.

Демонстрантите ги блокираа патиштата со возила, вклучително и на Парискиот плоштад во близина на резиденцијата на премиерот, според КАН. Полицијата интервенираше и уапси неколкумина.

Слични протести се одржани и во Хаифа на север и Бершеба на југ.

Нетанјаху вчера рече дека Бар нема да остане на чело на безбедносната агенција Шин Бет, и покрај одлуката на Врховниот суд да го замрзне неговото разрешување.

Владата на Нетанјаху во петокот одлучи да го прекине мандатот на Бар од 10 април, освен ако не биде назначена постојана замена пред тој датум. Сепак, Врховниот суд подоцна донесе одлука за замрзнување на таа одлука додека не се произнесе по жалбите, а последното рочиште е закажано најдоцна за 8 април.

Бар навести политички мотиви зад неговото разрешување, сугерирајќи дека одлуката на Нетанјаху произлегла од неговото одбивање да покаже „лична лојалност“ кон премиерот.

Над 700 Палестинци се убиени, а над 1.000 се повредени во ненадејната воздушна кампања на Израел врз Газа од вторникот, која го прекрши договорот за прекин на огнот и размена на затвореници што стапи на сила во јануари.

Речиси 50.000 Палестинци се убиени, главно жени и деца, а над 113.000 се повредени во бруталната израелска воена офанзива врз Газа од октомври 2023 година.

Меѓународниот кривичен суд во ноември минатата година издаде налози за апсење за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДУИ: Вината треба да се бара таму каде што треба, а не таму каде што е невозможно да постои вина

Следно

Во Србија се одржуваат „Збор-на-граѓани“ по примерот на студентите

Latest from Blog

Пирло е главен кандидат за селекторското место на Италија

ФОТО: FC Juventus/FB Легендата на италијанскиот фудбал, Андреа Пирло, е главен кандидат за нов селектор на Италија. Познатиот весник „Газета дело Спорт“ објави дека новата структура на италијанската федерација предводена од Паоло

ОВА Е ЖЕНАТА, РУСКИ ШПИОН, која била уфрлена кај Епштајн да ја следи западната политичка и бизнис елита

Агент на руската безбедносна служба ФСБ живеел со Епштајн со години, собирајќи компроматирачки информации и материјали за мировната елита и службениците, објави Le Monde и The Newsground. Покрај неговиот интерес за млади руски жени

Со 69 гласа изгласани се новите министри во Владата

Собранието попладнево со 69 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ или „воздржан“, ја изгласа реконструкцијата на владиниот кабинет. Новите министри ја добија довербата од пратениците и во наредниот период ќе раководат

Ал-Наср во финансиски проблеми: Соиграчите на Роналдо добиле само пола плата за јуни

Ал-Наср, каде што игра Кристијано Роналдо, се соочува со финансиски тешкотии. Неколку од играчите на тимот наводно добиле помали плати од нивната целосна плата за јуни, но раководството на клубот работи на

Французин во Сингапур ја излижа сламката и ја врати меѓу чистите. СУДЕЊЕТО МУ Е ОДЛОЖЕНО (ВИДЕО)

Судењето на 19-годишен Французин обвинет дека се снимал себеси во Сингапур како лиже сламка од машина за сок, а потоа ја враќа во садот, е одложено бидејќи обвинителите се обидуваат да разјаснат
Go toTop