Десет дена вода тече од пукната цевка на улица „Никола Парапунов“ во Карпош

December 13, 2024
1 min read

Поплавени улици, тротоари и зелени површини, придружени со насобран смет, станаа секојдневие за жителите на Карпош 4. Веќе шест дена, од пукната водоводна цевка на улицата „Никола Парапунов“ непрекинато истекува вода за пиење. И покрај поставената железна плоча за спречување на излевањето, водата продолжува да прави штета.

Дефектот, според локалното население, претставува сериозен проблем. Некои граѓани стравуваат дека гаражите во близина може да се поплават, особено поради дополнителните врнежи.

„Оваа состојба трае предолго. И улиците Разловечко Востание и Вич се поплавени. Веќе не знаеме што да правиме“, изјави жител за Мета.мк.

Од „Водовод и канализација“ засега нема конкретни информации за санацијата. На бројот за пријава на дефекти кратко потврдија дека ситуацијата е евидентирана и во план е да се реши, но не прецизираа временска рамка.

Новинарските обиди за дополнителни информации преку електронска пошта останаа без одговор, додека жителите повикуваат на итна интервенција за спречување на понатамошни штети.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Започнува Винодонија 2024 – најпрестижниот вински настан во Македонија!

Следно

ФОТО: Еве како изгледа лечење на волк од скопската зоолошка градина

Latest from Blog

Бразил воведува целосна забрана за обложување, на граѓанит еим се отпишуваат до 90 проценти од долговите

Овие потези доаѓаат пред претседателските избори следниот месец. Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу сегашниот претседател и сенаторот Флави Болсонаро, најстариот син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Онлајн обложувањето ќе биде забрането

Проданоски: Нашата цел е младите да создаваат бизниси и да отвораат работни места во Прилеп

Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп и нивните идеи можат да бидат основа за нови бизниси, работни места и развој на градот, порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. Проданоски денеска присуствуваше на првиот

Продолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авион

Си-Ен-Ен требаше да патува со Доналд Трамп во Тенеси на натпревар во колеџ-фудбал, соопшти мрежата во петокот. Белата куќа ја потврди исклученоста на Си-Ен-Ен кога не ја вклучи мрежата во известувањето испратено
Go toTop