Депонијата во Струга ќе стигне до Стразбург

January 30, 2024
1 min read

Струшката дива депонија наликува на планина од најразновиден отпад и смет. Дислокацијата на депонијата беше едно од главните ветувања на сѐ уште актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, во неговиот трет мандат. Но, таа и понатаму ги труе стружани.

Веднаш до депонијата се наоѓа плодно земјоделско земјиште, кое се обработува, и чии што плодови завршуваат на пазарите. Граѓаните не веруваат дека во брзо време ќе има решение.

„Мозокот на еден град е општината. Тука се инспекторите, тие треба да ја вршат својата работа. Колку ја вршат својата работа не знам“…

„Ова е туристичко место. Срамота е. Сега не се пали, како што се палеше. Не само општината, треба и на ниво на држава да се реши“, реагираат стружани.

Повеќе од три години се влече судскиот процес за депонијата. Постапката една година е заглавена пак во Апелација Битола, откако по втор пат беше вратена од Основниот суд во Струга, кој одлучи дека не е надлежен да решава по ова прашање.

„Не сме задоволни од постапувањето на судовите. Сметаме дека премногу бавно се води целата постапка, се калкулира, не знам кои се причините. Ние ја чекаме одлуката на Апелација-Битола. Очекуваме една законски основана одлука, било каква и да е.Евентуалното одбивање на нашата жалба би значело дека судовите во Македонија немаат надлежност да решаваат по ова прашање, што покрај другите повреди на европската конвенција за човекови права ќе го наруши и правото на пристап до суд“, рече Глигорие Ќатоски-адвокат.

Тужителите се подготвени да покренат судски процес пред Судот за човекови права во Стразбур. Македонското здружение на млади правници ги тужи, Општина Струга, Комуналното претпријатие во Струга и Министерството за животна средина, дека ништо не направиле да се реши овој проблем. Тие бараат судот да забрани понатамошно депонирање на отпад, а просторот да се исчисти и ревитализира.

Мики Трајковски

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од утрешниот празник сè понатаму во годината е полесно – ни доаѓа Свети Атанасиј Велики

Следно

Пратениците се разработија пред крај на мандатот

Latest from Blog

Израелски војници приведоа екипа на CNN, која известувала за нападот врз Палестинците (ВИДЕО)

Но, наместо да ги притворат доселениците или да ја отстранат нелегалната населба, војниците се свртеа кон палестинските жители на селото Тајасир и тимот на CNN кој известуваше за упадот, пишува CNN. „Стоп!

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон новата програмска понуда на СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче. „Да не беше смешно, ќе

Муцунски: Со техничката влада во Софија не можеме да преговараме

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизијата Телма рече дека имало иницијативи за состанок меѓу него, олеснувачи во меѓународните односи и тогашниот колега од бугарска
Go toTop