ДЕНЗЕЛ ВАШИНГТОН ДОБИ ПОЧЕСНА ЗЛАТНА ПАЛМА НА КАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ

May 20, 2025
1 min read

Американскиот актер Дензел Вашингтон синоќа доби почесна Златна палма на Канскиот филмски фестивал, како признание за неговата извонредна кариера, соопштија организаторите. 70-годишниот Вашингтон дојде во Кан за премиерата на новиот филм на американскиот режисер Спајк Ли „Од највисоко до најниско“, адаптација на „Високо и ниско“ од легендарниот јапонски режисер Акира Куросава.

Наградата претходно не беше најавена и беше изненадување кога синоќа на сцената ја соопшти директорот на Фестивалот, Тиери Фремо.

„Ова е многу посебен ден. Дензел, бидејќи си тука, сакаме да направиме нешто посебно за тебе. Тоа е еден вид начин да ти ја искажеме нашата восхит, што си направил за филмот. Никој не знае за тоа освен Спајк Ли, кој ми пиша да го сторам тоа“, кажа Фремо.

Вашингтон го игра Дејвид Кинг во крими-трилерот, што е петти пат по ред да соработува со Ли. Во богатата кариера Вашингтон има добиено два Оскара, за филмовите „Ден за обука“ во 2002 и „Слава“ во 1990.

На отворањето на Канскиот фестивал, кој трае од 13 до 24 мај, почесна Златна палма доби американскиот актер Роберт де Ниро.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Собранието ги констатира оставките на министерот Таравари и двајца заменици министри

Следно

Промоција на книга раскази на Тина Иванова

Latest from Blog

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и
Go toTop