Денов е погоден за да се прашаме: Го чуваме ли доволно мајчиниот јазик?

February 21, 2024
2 mins read

На половината од околу шест илјади јазици во светот им се заканува исчезнување, а во околу 200 земји се зборува за мали јазици кои се соочуваат со предизвик да бидат зачувани... Вакво предупредување вообичаено се дава со денешните информации со коишто се најавува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Денот е воспоставен од страна на УНЕСКО во 1999 година.

Како ние граѓаните во Македонија денеска ќе го одбележиме денов? За политичарите, државните функционери – не прашуваме, знаеме, некои нема да се сетат на меѓународниот ден, некои ќе состават две – три пригодни реченици и, или ќе ги кажат на некој собир, или преку Фејсбук ќе кажат „колку го сакаат и негуваат македонскиот јазик“.

Значи, останува ние повозрасните граѓани денеска (но и не само денеска) на помладите да им кажеме нешто повеќе околу македонскиот јазик, околу предизвиците кои ги има…

Се појавил и се развивал пред многу векови како дел од јужнословенските јазици, а неговите говори од подрачјето на Солун биле и основа врз која во втората половина на 9 век била составена и правата словенска азбука – глаголицата благодарение на делото на Светите браќа Кирил и Методиј. Потоа е создадена и кирилицата, за да почне долгиот пат кој води преку Охридската и Лесновската книжевна школа, прекубројни ракописи и по што во 12 век полека започнува постепено создавањето на посебен македонски јазик, различен од соседните. Клучен период за македонскиот јазик секако е 19 век кога бројните и истакнати македонски преродбеници се посветуваат и на постепено стандардизирање на мајчиниот јазик. Круна на сите тие стремежи е кодификацијата на македонскиот јазик и утврдување на неговата азбука и на правопис во 1945 година. Потоа, се до сега, македонскиот јазик доживува голем развој и распространетост.

Но, на помладите треба да пренесеме и дека уште има работа: мајчиниот јазик треба и понатаму да се чува и развива. Притиснат ни е мајчиниот говор од поголемите светски и регионални јазици, а ние лесно даваме плодна почва за тоа. Потоа, не се престанати обидите на странците за негирање на македонската национална посебност и јазик. Мора да им се нагласи дека чувството на загрозеност на македонскиот јазик доаѓа посебно по потпишувањето на разни добрососедски договори… Последиците од тоа треба да се премавнуваат, да се надминуваат, да се превенираат…

Предупредувања за загрозеноста на македонскиот јазик доаѓаат и по основ на недоволноста грижа на самите државни институции за него. Во училиштата недоволно се работи околу јазикот, програмите се недоосмислени, се намалува бројот на лекторатите во странство, нема пари за нови научни истражувања, не се брани јазикот доволно од странски негирања…

Мала е државната грижа за македонскиот јазик. Тоа е недозволиво, па дури и опасно по самиот наш мајчин јазик.

А колку е важно да го чуваме јазикот ни кажа големиот македонист – Блаже Конески:

-Послушајте Македонци! Јазикот е единствената наша татковина. Се‘ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште, порачуваше академик Конески, еден од основоположниците на современиот македонски јазик.

Таа грижа и чувањето на македонскиот јазик е најважна и започнува, се прави насекаде – во секој поединец, семејство, училишта, работни средини, во културата, во медиумите… со правилно зборување и правилна употреба на јазикот кој е еден од најважните столбови на македонскиот национален идентитет. Секако, и на негаторите треба да се даде отпор, оти се упорни да го згазат нашиот мајчин јазик.

Извор: skopskoeho.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Двојно убиство во кумановското село Габреш

Следно

ДЕНЕС СЕКОЈ ОД НАС ТРЕБА ДА СЕ ЗАПРАША КОЛКУ ГО ЗНАЕ МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК, ВЕЛИ ДИРЕКТОРКАТА НА ИНСТИТУТОТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ЈОВАНОВА-ГРУЈОВСКА

Latest from Blog

Келог: Ако Путин дојде во Истанбул, доаѓа и Трамп

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, пензионираниот генерал Кит Келог, изјави дека САД се надеваат дека Владимир Путин ќе дојде на преговорите во Истанбул. Ако тоа се случи, рече

Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот

Меѓународниот аеродром во Тирана, чии услуги  ги користат голем број македонски државјани објави „итно известување“ за патниците кои треба да патуваат на 15 и 16 мај. Раководството на аеродромот ги советува патниците

Прва вечер Евровизија 2025 со многу спектакл, Хрватска и Словенија не се пласираа во големото финале

Спектакуларно започна првата вечер на Евровизија 2025. Презентери на Евровизија 2025 се Хејзел Бругер и Сандра Студер. Хејзел е швајцарско-американска поетеса, а Сандра е швајцарска ТВ водителка и пејачка, која ја претставуваше

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Овластен е Мицкоски да предложи нови кадровски решенија

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата. Во рамки на седницата, како што соопштија, Извршниот комитет го овласти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,
Go toTop