Денков од „Промените продолжуваат“: Поплавите се резултат на непочитување на правилата – каде и како да се гради

October 4, 2025
1 min read

 Сега на сите им е јасно дека поплавите што ги видовме во 2023 година, и она што се случи вчера и завчера, се резултат на непочитување на правилата – каде да се гради, како да се гради, изјави пратеникот Николај Денков, член на Извршниот совет на „Промените продолжуваат“ (ПП).

-Резултатот од непочитувањето на правилата не е апстрактен, не е само корупција и „фрлени“ пари, резултатот е загинати луѓе, смета Денков.

Реакцијата на пратеникот Денков доаѓа по катастрофалните поплави што зафатија делови од југоисточна Бугарија и брегот на Црното Море, во кои се загубени три животи и стотици лица се принудени да се евакуираат од своите домови.

Најпогодено од поплавите е крајбрежното одморалиште Елените.

Делови од крајбрежниот регион се тешко оштетени, а пороите однесоа автомобили и приколки во морето и поплавија куќи, хотели и кампови.

Бугарските власти прогласија вонредна состојба во неколку градови по должината на брегот на Црното Море, а јавниот превоз е во прекин поради поплавени патишта.

Пратеникот направи аналогија со изградбата на патиштата, истакнувајќи дека кога тоа се прави лошо и со лош квалитет на коловозот, резултатот е повторно човечки жртви.

-И конечно мора да ги отвориме очите и да разбереме дека сè додека ова продолжува, луѓето ќе гинат, а оние што зависат од тоа ќе се однесуваат лудо и ќе ги затвораат другите што ја кажуваат вистината. Ние ќе ја кажеме вистината, дури и ако нè затворат нас, истакна Денков.

Претседателот на ПП, Асен Василев, нагласи дека во 2023 година биле издвоени средства за чистење на речните корита, но две години подоцна повторно се случуваат поплави.

-Поентата е дека кога овие пари се даваат за решавање на проблем, тој мора да се реши правилно, а за тоа е потребно сите институции да работат, истакна Василев./МИА.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јунајтед и Арсенал со домашни победи

Следно

Ѓорѓиевски: Скопје ќе биде наша гордост, но и огледало за цела наша држава

Latest from Blog

Општините ќе станат клучен партнер во планирањето на енергетските инвестиции

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека во „Службен весник на Република Северна Македонија“е објавен Правилникот за формат, содржина и методологија за изработка на општинскиот енергетски план. Со

Коњановски најавува современа реконструкција на училиштето во Крклино

Во селото Крклино започнаат градежни активности на подрачното училиште при ОО „Александар Турунџев“ од Кукуречани. Проектот се реализира со финансиска поддршка од Министерството за образование и наука преку вториот владин повик, како

Еден од најмоќните луѓе во Иран, Али Лариџани, ликвидиран во напад

Али Лариџани, син на шиитски правник, во текот на својата кариера извршувал повеќе високи функции во Исламската Република Иран, најново како секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран. Лариџани беше

Со фалсификувани документи за „Мерцедес-Мајбах“, државниот буџет оштетен за 1,9 милиони денари

Луксузно употребувано возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година било пуштено во слободен промет и успешно регистрирано со помош на фалсификувани документи со што државниот буџетот бил оштетен за 1,9 милиони денари, откри Одделението
Go toTop