Денеска и утре скрининг на населението во Трубарево и околината

September 24, 2025
1 min read

Министерството за здравство, во соработка со Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија, организира дводневен скрининг на населението во Трубарево, по неодамнешниот пожар во објект за електронски отпад. Скринингот ќе се реализира во текот на денов и утре – 24 и 25 септември, информираа вчера во видео изјава за МИА, министерот Азир Алиу и директорот на Клиниката, Оливер Зафировски.

– Скринингот ќе го вршат две екипи од Клиника за пулмологија со две амбулантни возила. Прегледите се наменети за сите заинтересирани од Трубарево и од околните населени места, а особено за лицата кои чувствуваат потешкотии при дишењето или имаат симптоми кои укажуваат на заболувања на дишните патишта, појасни министерот Алиу.

Предвидено е скринингот да опфати: комплетен клинички преглед, спирометрија, ЕКГ и други потребни прегледи.

– Нашата цел е да обезбедиме врвна здравствена грижа за сите граѓани. Доколку се појави потреба од дополнителни испитувања, тие ќе бидат извршени на лице место или пациентите ќе бидат упатени на Клиниката за пулмологија, појасни министерот Алиу.

Со оваа акција, како што посочи министерот, се овозможува навремено детектирање евентуални симптоми кај населението, со цел обезбедување на потребната здравствена заштита.

Зафировски рече дека била започната една убава акција и оти здравјето на граѓаните е пред сѐ.

Како што беше појаснето, возилата ќе бидат распоредени кај маркетите „Бренд“ и „Флорида“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Александра Пријовиќ го прослави 30. роденден и покажа како изгледа 19 дена по породувањето (ВИДЕО)

Следно

Почина Клаудија Кардинале, една од најпознатите италијански актерки

Latest from Blog

Судир на два воза во Словачка – има повредени

Два воза се судрија во неделата навечер во Словачка, откако едниот удрил во задниот дел на другиот, при што беа повредени десетици патници, соопштија властите. Единаесет лица се пренесени во болница, а

Најлошите навики на секој хороскопски знак

Секој хороскопски знак има свои слаби страни и навики што можат да создадат проблеми во односите или животот. Oва се најлошите навики на секој знак: Овен – Нестрпливост Импулсивни се и брзо

Објавен е трејлер за филмот за Мајкл Џексон- 30 милиони прегледи за шест часа (ВИДЕО)

Иако постојано се зборуваше за проблематичната продукција на овој филм, се чини дека трејлерот ја воодушеви публиката, а само за првите шест часа беше прегледан повеќе од 30 милиони пати. Снимањето на
Go toTop