Денеска е Св. апостол и евангелист Марко

1 min read

Марко е еден од 70-те Христови апостоли. Евреин по потекло, а припаѓал на левитскиот (свештенички) сталеж. Тој е писател на едно од четирите евангелија.

Лично не бил присутен на настаните што ги опишува, туку ги дознал од апостолот Петар. Со последниов бил многу близок. Свети Марко во почетокот на апостолската проповед одел заедно со апостолите Петар и Павле, а подоцна заминува за Александрија.

Така, тој е прв проповедник на христијанството во Египет и прв александриски епископ. Околу 67-мата година го наоѓаме во Рим заедно со свети Петар и Павле, пред нивната маченичка смрт, а потоа тој пак се враќа во Египет.

И самиот пострадал маченички од локалните пагани. Неговите мошти биле положени во од не¬го подигнатата александриска црква, а подоцна (827-мата година) биле пренесени во Венеција.

Извор: kurir.mk

Претходно

ВИДЕО: Србија, Хрватска и Словенија во финалето на Евровизија, еве како изгледаше првата полуфинална вечер

Следно

Изборниот ден неработен за сите граѓани

Latest from Blog

Кој е Ебрахим Реиси?

Тврдокорниот ирански претседател Ебрахим Раиси долго време се сметаше за штитеник на иранскиот врховен лидер ајатолахот