Денеска е Преподобен Пахомиј Велики

May 28, 2024
1 min read

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 15 мај.

Денеска е Преподобен Пахомиј Велики.

Свети Пахомиј по род беше Египќанец, а се роди во незнабожечко семејство. Во времето на Великиот Константин служеше во неговата војска. Некаде во тоа време тој поверува во Христа и набргу, желен за подвиг, отиде во Тиваидската пустина кај познатиот подвижник Паламон. Овој го прими и го учеше на подвижнички живот 10 години. Во тоа време на Пахомиј му се јави ангел и му заповеди да подигне манастир, а му го даде и уставот на манастирот.

Овој изгради многу келии, кои набргу се наполнија со монаси. Подоцна свети Пахомиј изгради уште шест манастири и раководеше со духовниот живот на илјадници подвижници. На многумина им беше пример во смирението, трудољубивоста и воздржувањето. Се упокои на свои 74 години, во 348 години. Свети Пахомиј се смета за основач на општожителното монаштво.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Благословена Марија Бартоломеја Бањези.

Била родена во 1514 година, во Фиренца. Слободното време го поминувала молејќи се. Тешко се разболела и останала неподвижна. Сите и се воодушевувале на нејзината храброст. Во 1547 година, и било дозволено да стапи во редот на доминиканските сестри, но и натаму да остане во својот дом, во кој ќе се моли и духовно ќе разговара со посетителите. Умрела во 1577 година.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лепа Лукиќ целото свое богатство ќе го остави на ОВОЈ МАЖ, но има ЕДЕН УСЛОВ од кој многумина ќе бидат изненадени

Следно

Заканата од дезинформации во „супер изборната година“ во Европа

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop