Денес ВМРО-ДПМНЕ ќе ја промовира програмата Платформа 1198

March 24, 2024
1 min read

Денес ВМРО-ДПМНЕ ќе ја промовира програмата Платформа  1198 која содржи точно 1 198 проекти и решенија кои се конкретен одговор за проблемите на граѓаните и нивните потреби, најавуваат од опозициската партија.

Велат дека креирањето на оваа програма е финишот на повеќегодишен консултативен процес во кои беа вклучени експерти, професори, академската и стручната јавност, а во најголема мера беа слушнати барањата на граѓаните кои беа прибирани од редовните средби и дебати кои ВМРО-ДПМНЕ ги правеше низ државата во изминатиот период.

– Проектите и решенијата се насочени кон луѓето кои се на прво место. Оваа програма е реална и остварлива со главен фокус кон економијата и животниот стандард. Платформа 1 198 нуди нова надеж и определба дека државата која е одземена од неодговорната власта се враќа кај народот, велат ов ВМРО-ДПМНЕ и најавуваат мега проекти кои ќе бидат презентирани во текот на денешниот ден.

Платформата 1198 опфаќа се од здравство до образование, од економија до земјоделство, од инфраструктура до вработувања, правда, еднаквост, закон и ред, европски вредности кон кои што се стремиме. Ова е програма што го става граѓаниот на прво место, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Албанија: По налог на СПАК уапсен Јорго Горо, в.д. градоначалник на Химара

Следно

Приведен дрвокрадец во тетовско, следува пријава

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop