Денес студентите излегуваат на протести

February 5, 2024
1 min read

Студентите денеска на масовни протести пред Министерството за образование и наука.

Студентски отпор најави дека ќе им се приклучи на Универзитетското собрание (УСС) УКИМ во 14 часот.

-Само обединети и заедно можеме да се избориме за нашите студентски права. Колеги, се гледаме во понеделник од 14:00 пред МОН. Понесете со вас пароли, свирчиња и многу енергија. Време е да го слушнат студентскиот крик!, велат од Студентски отпор.

Претходно, кажаа дека и покрај најавите на МОН дека стипендиите за месец октомври и останатите ќе бидат исплатени на 1 февруари како краен рок, сепак трансакциските сметки на студентите останале празни.

„Средства кои денес ги немаме, а сме приморани да ги користиме за покривање на трошоците за запишување на семестар и останати тековни трошоци за студирање. Исто така веќе две години го пробиваат сите рокови за започнување на реконструкцијата на студентските домови кои се со субстандардни услови, а многу пати досега беше ветено дека ќе се започне реконструкцијата во најбрз можен рок“, стои во повикот на Студентски отпор.

УСС УКИМ во петокот го најавија протестот под мотото „Студентите обединети“.

-Револтирани и обесправени студенти, време е да ги кренеме своите гласови и обединето да излеземе против неправдите врз нас и против неефикасното работење на Министерството за образование! Универзитетското студентско собрание на УКИМ, ве повикува вам, останатите Универзитетски собранија и сите останати студентски организации, да ни се придружите и достоинствено да излеземе на протест каде ќе ги искажеме горливите маки. Проблемите се многу. Сплотени, ние сме уште повеќе, напишаа од УСС УКИМ.

Засега, нема официјална информација дали на овој протест од 14 часот ќе дојде и организацијата Студентска револуција, кои својот протест пред МОН го најавија од 12 часот. И тие рекоа дека излегуваат оти нема ниту една исплатена рата од студентските стипендии за учебната 2023/2024 година од МОН.

-Според досегашното искуство и според следењето на целиот процес поврзан со поднесените апликации за стипендија, имаме легитимна причина да веруваме дека апликациите се уште се непроверени и очекуваме понатамошно одолговлекување на процесот. Затоа, како студенти го упатуваме овој предупредувачки апел до министерот и сите надлежни за спроведување на програмата на владата – да не си поигруваат со трпението на студентите, бидејќи доколку институционалниот пат ни е попречен и ние сме обесправени, правдата ќе ја бараме на улица, преку масовни протести, соопштија од Студентска револуција.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Студентите денес на протест поради неисплатени стипендии

Следно

Дневен хороскоп за понеделник, 5-ти февруари 2024-та

Latest from Blog

Прес на шефот на Делегацијата на ЕУ со Вучиќ по предавањето на годишниот Извештај на ЕК

Тој денеска му го предаде извештајот за напредокот кон ЕУ на српскиот претседател Александар Вучиќ , по што на прес конференција додаде дека тој документ не е критички документ, туку огледало што

Меџити до Курти: Благодарам за честитката за победите на ВЛЕН, Македонија и Косово градат стабилно партнерство

Изет Меџити, градоначалник на општина Чаир, ја истакна добрата соработка меѓу двете влади во порака до премиерот на Косово, Албин Курти. – Благодарам за честитката за победите на ВЛЕН во секој дел

Ѓорѓиевски веднаш започнува акција за чистење и нормализирање на јавниот превоз

Новиот скопски градоначалник Орце Ѓорѓиевски, по примањето на уверението за избор, најави дека веднаш ќе започне со акција за чистење на градот и преземање на конкретни мерки во јавните градски претпријатија. –

Јаневска: Новата Стратегија за образование ќе обезбеди континуитет на започнатите ефективни промени во ресорот

Образованието е скапа работа. Но, вредноста на квалитетот е поголема од било која цена и затоа Владата на Македонија останува фокусирана на сите промени што мора да се случат до конечната цел,
Go toTop