Денес се вози третата етапа од 60. Претседателска велосипедска трка на Туркије

April 29, 2025
1 min read

МУГЛА (АА) – Денес се вози третата етапа од 60. Претседателска велосипедска трка на Туркије (ТУР 2025) помеѓу Фетхие и Мармарис, јавува Анадолу.

Третата етапа од Претседателската трка, единствена велосипедска трка во категоријата „ProSeries“ од календарот на Европските тури на Меѓународната велосипедска унија (UCI), започна во подрачјето на Фетхие во западната турска област Мугла.

Почетокот на трката го означија заменик-гувернерот на Мугла, Мурат Кахраман, гувернерот на Фетије, Исмаил Хаки Ерташ, обласниот директор за млади и спорт Ќазим Ачикбаш.

Велосипедистите треба да извозат 175,9 километри во третата, најдолга етапа од годинашната трка.

Третата етапа ќе заврши во Мармарис.

Почнувајќи од Анталија завчера велосипедистите ќе поминат вкупно 1.153 километри во осум етапи, минувајќи низ познати турски туристички центри, како што се Кемер, Калкан, Фетије, Мармарис, Акјака, Ајдин, Кушадаси, Селчук и Чешме, а трката ќе ја завршат во Измир на 4 мај.

На годинашната трка учествуваат 160 велосипедисти од 23 тима од 13 земји и три континенти.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Марка“: Перез и Реал Мадрид го одбрале најважното засилување за следната сезона

Следно

Филипче им даде поддршка на родителите на настраданите од Кочани пред Собранието

Latest from Blog

Отворен тренинг за сите – Омерагиќ со покана до јавноста

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop