ДЕНЕС СЕ ПРАЗНУВА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ: Оваа храна никако не ја јадете, а особено една грешка жените никако да не ја направат!

January 20, 2024
1 min read

На 20-ти јануари се празнува Крштевањето на Свети Јован, а дали трпезата ќе биде мрсна или посна зависи од тоа во кој ден се паѓа овој празник.

Јован Крстител се слави неколку пати во текот на годината, но православната црква го слави празникот Крштение на 20 јануари. Празникот е посветен на светецот и пророк кој го крсти Исус Христос во реката Јордан.

На Свети Јован е мрсна гозба, освен кога се паѓа во среда или петок, во тие два случаи се подготвува посна трпеза. Оваа година 20 јануари се паѓа во сабота, што значи дека на Свети Јован НЕ СЕ ПОСТИ.

Многу народни обичаи се поврзани со овој празник. Според верувањата, на тој ден жените никако не треба да допираат игли за плетење, ножици или игли.

На денот на Свети Јован верниците не треба да земаат нож во раце, во знак на сеќавање на мачеништвото на Јован, ниту да јадат и пијат нешто што е во црвена боја, бидејќи таа боја ја симболизира невино пролеаната крв на светителот. На децата исто така не им се дава ништо црвено на овој ден.

Исто така, според верувањата, 20-ти јануари е идеален ден за одење на патување, бидејќи ќе ја имате заштитата на овој светец.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕХФ ги осуди расистичките скандирања на хрватските навивачи

Следно

Поради дефекти во електродистрибутивната мрежа без струја делови од Битола, Куманово и Ѓорче Петров

Latest from Blog

На „Евровизија“ во мај во Виена ќе има 35 учесници – пет држави бојкотираат поради Израел

Претставници на јавните радиодифузери од 35 земји ќе се натпреваруваат на „Песна на Евровизија“ во Виена, Австрија, следниот мај, откако пет држави објавија дека ќе го бојкотираат натпреварот поради учеството на Израел,

Државна лотарија реагира на наводите од ДЗР: Ревизијата ја побаравме сами, злоупотребите се од претходното раководство

Во врска со објавените медиумски написи во кои се тврди дека Државниот завод за ревизија утврдил значителни неправилности во финансиското работење на Државната лотарија на Македонија за 2024 година, од таму реагираа
Go toTop