Денес имало 16 пожари, активен е еден – еве каде гори вечерва

August 22, 2025
1 min read

До 20:30 часот на територијата на нашата земја има вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои активен е само пожарот во селото Балдовци, во Општина Новаци каде гори ниска вегетација. Под контрола се три пожари, а изгаснати 12, соопшти Центарот за управување со кризи.

Под контрола се пожарите во Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума), во прилепските села Беловодица во местото викано Ливада и село Лењиште, каде гореше букова шума и во Општина Долнени во селата Стровија и Долгаец (мешана шума).

Изгаснати се 12 пожари и тоа:

1.    Општина Сопиште: кај Брана Езеро Козјак (ниска вегетација и шума);
2.    Општина Студеничани: с. Горно Количани и с. Драчевица, планински врв Китка (мешана шума);
3.    Општина Кичево: с. Душегубица (ниска вегетација и ниска шума);
4.    Општина Охрид: с. Велгошти (ниска вегетација);
5.    Општина Кавадарци: с. Брушани (ниска вегетација);
6.    Општина Демир Хисар: с. Кутретино (депонија);
7.    Општина Битола: м.в. Тепсија (ниска вегетација);
8.    Општина Прилеп: кај Дата Центар во Прилеп (ниска вегетација);
9.    Општина Брвеница: с. Милетино (ниска вегетација);
10.    Општина Гостивар: во близина на Болница во Гостивар (ниска вегетација);
11.    Општина Врапчиште: с. Тумчевиште (ниска вегетација);
12.    Општина Чешиново – Облешево: кај објектот Мак Млин (ѓубриште, гуми).

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: Уметноста е идентитетот на Чаир, ќе вложиме во нејзин развој

Следно

Тешка сообраќајна несреќа во САД: Се преврте автобус, има и загинати

Latest from Blog

Гвадалахара не успеа да направи изненадување, Барса се пласираше во следната рунда на купот

фото: FC Barcelona (X) Фудбалерите на Барселона потешко од очекуваното го совладаа третолигашот Гвадалахара со 0:2 и се пласираа во следната рудна од Купот на Кралот. Избраниците на Ханси Флик во финишот

Тренчевска и Трајановски се нови потпретседатели на СДСМ

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, по завршувањето на вечерашната седницата на Централниот одбор на СДСМ го соопшти новото раководство на партијата. -На седницата на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз

„НОВИОТ ТИМ“ на Филипче: Синот на Фрчко кој призна шмркање КОКАИН на Бихаќка се враќа во СДСМ

Александар, другарчето на Заев од јахтата на која аздисуваа со Филипче и ултра лузер на изборите за Аеродром станува потпретседател, исто и нејбезличната министерка за труд и социјала, Тренчевска. Верувале или не,
Go toTop