Меџити: Уметноста е идентитетот на Чаир, ќе вложиме во нејзин развој

August 22, 2025
1 min read

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина, како и кандидат за градоначалник на Општина Чаир од ВЛЕН, Изет Меџити, оствари средба со уметниците од општината.

На разговорот, како што истакна Меџити, било отворено дискутирано за предизвиците со кои се соочуваат артистите, како и за нивните потреби и барања.

„Забележав јасна порака: уметноста не смее да остане на маргините, туку треба да го добие заслуженото место во општеството. Тоа значи подобри услови за работа, поголем простор за создавање и институционална поддршка“, рече Меџити.

 

Тој додаде дека општество кое вложува во уметноста и уметниците гради поотворена и посензитивна заедница. „Артистите се душата на Чаир. Нивната креативност е наш идентитет и обврска ми е нивниот глас да се претвори во конкретни дела“, потенцираше кандидатот на ВЛЕН.

Меџити нагласи дека поддршката за уметничката заедница ќе остане еден од неговите приоритети, со цел Чаир да стане пример за општина која ја цени и развива културата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба Ѓорѓиевски – „Анимад Мунди“: нови решенија за хумано справување со бездомните животни во Скопје

Следно

Денес имало 16 пожари, активен е еден – еве каде гори вечерва

Latest from Blog

ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата „Домашно со љубов“

Мирисот и вкусот на домашното, традиционалните ракотворби и вредностите што се пренесуваат од генерација на генерација се во фокусот на манифестацијата „Домашно со љубов“, која од 16 до 18 октомври се одржува

Нојер е неизвесен за мечот против Лајпциг, но ако брани – со сигурност нема да загуби

Мануел Нојер попладнево би можел да стане најстариот фудбалер што настапил за Баерн Минхен во Бундеслигата. Германскиот голман, доколку заигра против Лајпциг, ќе има 40 години и 204 дена и ќе го

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на
Go toTop