Ден на жалоста во Русија и зголемен број на безбедносни сили пред судот во Москва

March 24, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Забележано е зголемено присуство на припадници на безбедносните сили и возила пред судот во Москва, главниот град на Русија, каде што треба да бидат сослушани 11 лица под сомнение дека во петокот вечер извршиле напад во концертната сала во Москва, главниот град на Русија, пренесува Анадолу.

Денес во Русија е ден на жалоста по повод терористичкиот напад во салата „Крокус сити хол“ во кој загинаа најмалку 137 лица, а 152 беа ранети.

Знамињата низ целата земја беа спуштени на половина копје, додека луѓето полагаат цвеќе на местото на масакрот пред концертната сала „Крокус сити хол“, каде вооружени напаѓачи отворија оган врз луѓето во салата.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, вети дека ќе ги казни оние што стојат зад „намерниот масакр“, информирајќи дека се приведени четворицата вооружени напаѓачи во обид да избегаат во Украина.

„Изразувам длабоко, искрено сочувство до сите оние кои ги загубија своите најблиски. Целата земја и целиот наш народ тагуваат со вас“, рече Путин во вчерашното обраќање до нацијата.

Руските власти приведоа 11 лица во врска со нападот, вклучувајќи ги и четворицата директно инволвирани напаѓачи, се вели во соопштението на Федералната служба за безбедност.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Без лавабоа и со скршени тоалети – реновираното училиште во Струга нема основни услови за хигиена

Следно

Ердоган го најави супер брзиот воз Анкара – Истанбул, патувањето ќе трае само 80 минути

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп ќе добие нови автобуски линии и модерни возила

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, беше гостин во утринската емисија „Добро утро Македонијо“, каде одговараше на прашања од гледачите. Едно од нив беше автобускиот превоз во општината и поставување на нови линии

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без
Go toTop