Ден на жалост во Австрија

June 11, 2025
1 min read

Австрија во шок по убиството на десет лица во средно училиште. Во земјата прогласена тридневна жалост, знамињата на владините објекти се спуштени на половина копје, а голем број настани се откажани.

Локалниот транспорт запре на една минута како почит кон загинатите во престолнината Виена додека пак жителите на Грац од синоќа се собираат на главниот плоштад каде палат свеќи. Шест девојки и три машки беа убиени во масакрот. Уште една девојка почина во болница. Седуммина од загинатите беа ученици.

„Познавам ученици кои учат во ова школо. Ми кажаа дека некои од нивните пријатели починаа во нападот, а други се повредени. Ова можеше да се случи и во моето училиште.“ – Арда Туркмен жител на Грац.

Од австриското министерство за внатрепшни работи велат дека покрај мотивот за нападот, непознато оставува и дали убиецот случајно или намерно ги избрал жртвите. Повредените биле пронајдени на повеќе локации во училиштето, вклучително и едно лице пред зградата. При претрес во домот на убиецот, пронајдена била бомба како и проштално писмо а во австриските медиуми се покрена и прашањето, како успеал да стигне до оружјето со кое е извршен нападот.

„Пронајдено е проштално писмо во аналогна и дигитална форма. Во него тој се збогува со своите родители. Но, од прошталното писмо не може да се заклучи никаков мотив и тоа е прашање за понатамошна истрага. Постои јасна постапка како некој може да набави огнено оружје. Очигледно, тој ги исполнил условите, инаку немаше да може легално да го набави оружјето.“ – Франц Руф директор на агенцијата за јавна безбедност на Австрија.

Убиецот, 21-годишен жител на регионот штаерска, во школото влегол опремен со пиштол и пушка. Тој бил невработен и го напуштил училиштето без да дипломира. Напаѓачот си го одзел животот веднаш откако го извршил нападот, најсмртоносен во поновата историја на Австрија. Во масакрот, загинаа 11 лица а уште 12 завршија со потешки повреди.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За 7 години, 17 000 илјади помалку ученици

Следно

„Расипаниот телефон“ на Мицкоски го преиначи одговорот за изјавата на Филипче: Наместо „до каде ја турна Македонија по европскиот пат“, тој говореше за „слобода на медиумите“ и „општество“

Latest from Blog

Зачинот што сите го имаме дома не е само за колачи: МОЖЕ ДА ЈА ЗГОЛЕМИ СЕКСУАЛНАТА ЕНЕРГИЈА

Циметот, еден од најчесто користените зачини во кујната, одамна е познат по своите здравствени придобивки. Но, нови истражувања покажуваат дека овој мирислив зачин може да има позитивно влијание и врз сексуалната енергија

ПРЕСВРТ НА ФРАНЦИЈА – ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА Црна Гора, ќе ги затвори сите 5 поглавја

Шансите Црна Гора да ги затвори сите пет планирани поглавја во вторник значително се зголемија, по интензивните дипломатски активности меѓу претставниците на земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) кои се залагаат за што

Енергетската заедница: Македонија со силен реформски напредок во 2025 година

Македонија заедно со Србија и Молдавија бележат најголем реформски моментум, регистрира Енергетската заедница за сработеното во 2025 година кога енергетиката е во прашање. Во најновиот Годишен извештај на Енергетска заедница во кој се мониторира
Go toTop