Ден на враќање на учениците во „Рибникар“: Се појавиле само половина од децата, делот каде што се случи масакрот не се користи

May 22, 2023
2 mins read

На децата треба да им се овозможи да се среќаваат, да бидат заедно. Тие сакаат да одат во училиште, да бидат со своите другари и наставници, вели мајка на дете што учи во ова училиште. Меѓутоа, нагласува таа, наставата не треба да се одвива во истата зграда туку да се најде алтернативна локација како што е, на пример, Детскиот културен центар

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC (Архива)

Одреден број деца денеска се појавија на настава во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград каде што наставата беше прекината по 3 мај, кога 13-годишниот Коста К. изврши масакр и уби 10 лица (девет деца и чуварот).

Неговото одделение 7-2 денеска е втора смена и со настава треба да продолжи попладне околу 13 часот. Денеска ќе имаат час по физичко.

„Денешниот ден ќе се разликува по тоа што учениците од 7-2 попладне ќе дојдат на настава. Тие сами инсистираа во разговор со терапевтите. Ние сме во постојан контакт со нив, комуницираме на дневно ниво. Инсистираа да почнат со настава по физичко и здравствено воспитување. Утре ќе продолжат со физичко и со географија. Ќе одиме постепено, полека, во согласност со потребите на децата“,

вели Снежана Вуковиќ од Министерството за образование на Србија во разговор со РТС.

Децата немаат задолжителна обврска да се вратат на настава со физичко присуство. Вуковиќ вели дека доколку родителите забележат дека децата се плашат нема потреба да доаѓаат во училиште бидејќи процените се дека тоа би било „ново насилство над детето“.

„Многу е важно да имаме пишана изјава од родителите дека детето не доаѓа и да се следи што се случува со тоа дете. Би било добро кога би имало онлајн настава за оние што не сакаат да бидат физички присутни, но информациите се такви што родители воопшто не сакаат настава, сакаат прекин и крај на школската година“,

вели Вуковиќ.

Претставничката на српското Министерство за образование во гостувањето на РТС кажа и дека делот од училиштето каде што се случи масакрот воопшто не се користи. Тоа е овозможено бидејќи, практично, како што објасни, ОУ „Владислав Рибникар“ се состои од две вештачки споени згради.

„Се избегнува сè што потсетува за да не се поминува низ тој простор. Дури и влезовите во училиштето се на другата страна. Тоа е она што во овој момент беше возможно или другата опција беше децата целосно да се разделат, па едно дете од едно семејство да оди во едно, а другото дете во друго училиште, што е многу тешко. Навистина би било многу напорно за родителите и јас верувам дека и родителите би имаше проблем и тоа би било дополнителен предизвик“,

вели Вуковиќ.

Денеска во прва смена во училиштето, како што јави Н1 ТВ, се појавиле половина од децата. Ваквите груби процени ги дава Александра Булатовиќ, мајка од групата родители кои се залагаат за прекин за наставата, која вели дека тоа не е поврзано со одделението или возраста на учениците.

Таа нагласува дека се собрале околу 250 родители кои се со став дека школската година во ова училиште завршила на 3 мај.

„На децата треба да им се овозможи да се среќаваат, да бидат заедно. Тие сакаат да одат во училиште, да бидат со своите другари и наставници“,

вели Булатовиќ, но нагласува дека тоа не треба да биде во зградата на „Владислав Рибникар“.

Таа со другите родители предлага алтернативни локации, како што е Детскиот културен центар во паркот „Ташмајдан“ кој има капацитет да ги собере сите деца.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во руските напади во различни делови на Украина загинаа три лица, 16 се повредени

Следно

Бројот на загинати во судирите во Судан порасна на 863 цивили

Latest from Blog

Приватните превозници ни утре нема да возат по скопските улици

Приватните превозници и утре нема да возат, автобусите ќе останат во гаражите,  изјави вечерва, Јовица Зафировски, претставник на превозиците.  Одлуката е донесена на координацијата на превозниците кои  денеска попладне ги исклучија автобусите

Откажан Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, пропаднал тендерот за организација

Советот на министри на БиХ го откажа Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, бидејќи пропадна тендерот за организација на овој настан, потврдено е за Klix.ba. За организатор е избрана фирмата

Шукова, Чупеска и Костова се избрани за потпретседатели на СДСМ

Централниот одбор на СДСМ вечерва на седница на избра потпретседатели и генерален секретар на партијата. За генерален секретар на партијата е избран Александар Димитриевиќ, нови потпретседатели се Кристина Костова од Штип, поранешната

Поддржувачите на ПКК се судрија со полицијата во Лондон по апсењата во истрагата за тероризам

ЛОНДОН (АА) – Приврзаниците на терористичката организација ПКК денес се судрија со полицијата во лондонскиот кварт Харингеј, откако лондонската полиција уапси шест лица за поврзаност со сомнителни терористички активности поврзани со организацијата,

Што значи загрозена безбедност на јавните финансии? Објаснува Глигор Бишев

Претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 објасни што конкретно значи за државата кога е загрозена безбедноста на јавните финансии. „Ние посочивме дека прекршени се фискалните правила
Go toTop