Ден на Европа 2025 – 75 години единство и солидарност

May 9, 2025
2 mins read

Европејците денеска го прославуваат Денот на Европа – 9 мај, одбележувајќи ја воедно и 75-годишнината од Шумановата декларација, која ги постави темелите на денешната Европската Унија и го трасираше патот кон нова ера на просперитет, мир, демократија, солидарност и соработка на Стариот континент. 

На 9 мај се чествуваат две годишнини – завршувањето на Втората светска војна во Европа во 1945 година и промовирањето на планот на тогашниот француски министер за надворешни работи Роберт Шуман на истиот датум во 1950 година за воспоставување на единствен пазар за јагленот и челикот произведен во Западна Германија и Франција, која стана позната како Шуманова декларација. 

Целта овој план е преку заедничките интереси да се надмине ривалството меѓу Франција и Германија само пет години по завршувањето на Втората светска војна и со така воспоставената солидарност во производството на јаглен и челик јасно да се покаже дека секоја војна меѓу нив би била не само незамислива, туку и материјално невозможна.  

Според Шуман, светскиот мир не може да се зачува без вложување креативни напори, сразмерни на опасностите што го загрозуваат, а здружувањето на производството на јаглен и челик „ќе ги промени судбините на оние региони кои долго време беа посветени на производство на воена муниција, од која тие беа најчести жртви“. 

– Европа нема да биде создадена одеднаш или според еден план. Таа ќе биде изградена преку конкретни достигнувања кои прво создаваат фактичка солидарност, наведува Шуман во документот. 

Врз основа на идејата на Шумановата декларација на 18 април 1951 година Белгија, Западна Германија, Италија, Луксембург, Франција и Холандија го потпишаа Парискиот договор за формирање на Европската заедница за јаглен и челик (ЕСЈЧ), како прва наднационална заедница во Европа. Парискиот договор стапи во сила 23 јули 1952. 

При формирањето на Заедницата е оценето дека спојувањето на економските интереси ќе помогне во зголемувањето на животниот стандард, што ќе биде првиот чекор кон пообединета Европа.  

Земјите основачи на ЕСЈЧ на 25 март 1957 година ги формираа Европската економска заедница (ЕЕЗ) и Европската заедница за атомска енергија (Евроатом). Со Бриселскиот договор, склучен меѓу 8 април 1965 година трите задници се обединуваат во Европската заедница, која се трансформира во Европската Унија со Мастришкиот договор од 7 февруари 1992 година, чиј официјален назив е Договор за ЕУ. 

Кон Заедницата на шесте членки основачи, на 1 јануари 1973 година се приклучуваат Велика Британија, Данска и Ирска, на 1 јануари 1981 година и Грција, а на 1 јануари 1986 и Португалија и Шпанија. На 1 јануари 1995 година членки на ЕУ станаа Австрија, Финска и Шведска, а на 1 мај 2004 година се случи т.н. „големо проширување“ на ЕУ, кога кон блокот се приклучија 10 земји – Кипар, Естонија, Летонија, Литванија, Малта, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија и Чешка. На 1 јануари 2007 кон блокот пристапија Бугарија и Романија, а на 1 јули 2013 и Хрватска, како во моментов најнова членка. Во меѓу време, на 1 февруари 2020 Велика Британија ја напушти ЕУ. 

Во моментов, осум земји имаат статус на кандидати за членство – Северна Македонија (од 2005), Црна Гора (од 2010), Србија (од 2012), Албанија (од 2014), Молдавија, Украина и Босна и Херцеговина (сите три од 2022) и Грузија (од 2023). Турција, исто така, е кандидат за членство, и тоа од 1999 година, но преговорите со неа се замрзнати од 2016 година, додека Косово има статус на потенцијален кандидат за членство, во очекување на прифаќање на кандидатурата поднесена во 2022 година. 

По повод Денот на Европа во земјите-членки на ЕУ и низ целиот свет ќе бидат организирани повеќе настани и широк спектар на образовни и забавни активности, насочени кон зближување на граѓаните од сите општествени сфери на животот. Познати згради и споменици низ целиот свет ќе бидат осветлени во боите на ЕУ, додека посебна програма за Денот на Европа е планирана на Експо 2025 во јапонскиот град Осака. 

Дополнително, институциите на ЕУ утре ќе организираат „отворен ден“ во чии рамки граѓаните ќе можат да ги посетат седиштата на Европскиот совет, Европската комисија, Европскиот парламент, Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) и на Европскиот комитет на регионите во Брисел, на Европската централна банка во Франкфурт, како и на Европскиот суд на ревизори во Луксембург, каде ќе бидат организирање различни активности. 

– Во време на глобална неизвесност, Европа останува сидро на стабилност – место на можности и заштита за своите граѓани. ЕУ и нејзините институции работат кон заедничката цел за обезбедување просперитет и конкурентност, гарантирајќи ја нашата безбедност и одбрана, а воедно почитувајќи ги фундаменталните вредности за кои се грижат Европејците, порача Европскиот совет. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во земјава се одбележува 9-ти Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Следно

Косово: ДПК, ДСК и АБК потврдија дека ќе учествуваат на состанок кај претседателката Османи

Latest from Blog

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на

Директорот на Идризово: Има изживување, силување, но и љубов меѓу затворениците

Гостин во „Претрес со Ландов” е генерал мајор Зоран Јовановски-Челик, директор на КПУ Идризово.Тој отворено говори за лошите услови во затворот, иако има подобрување. Како Управа од властите овие 3 години бараат

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски
Go toTop