Демонстранти во Холандија удирајќи со лажици по тави протестираа поради гладот во Газа

July 25, 2025
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Стотици демонстранти низ Холандија се собраа на железничките станици вчера и протестираа удирајќи со лажици по тави, со што го потенцираа влошувањето на состојбата со гладот во Појасот Газа и воената офанзива на Израел, јавува Анадолу.

Протестите беа насочени и кон економските врски на холандската Влада со Израел.

Во Хаг, демонстрантите, повеќето облечени во црвено, се собраа на централната железничка станица, каде што со силни звуци од удари со лажици во тави го изразија својот гнев.

Многумина носеа транспаренти со повици за итен прекин на гладот во Газа и за преземање конкретни меѓународни мерки.

Протестите се случуваат во услови кога Министерството за здравство во Газа соопшти дека во изминатите 24 часа од глад и неисхранетост починале уште тројца Палестинци, меѓу кои и едно бебе.

Ова следува по известувањето за десет слични случаи претходниот ден, што дополнително го потенцира растечкиот хуманитарен колапс во опколениот регион.

Од октомври 2023 година досега најмалку 113 Палестинци починале од глад и неисхранетост, според здравствените власти во Газа.

Испораките на хуманитарна помош се речиси целосно блокирани откако Израел ги затвори граничните премини на 2 март, попречувајќи ги мировните преговори и оставајќи стотици камиони со храна и лекови заглавени на границите.

Во воената офанзива на Израел досега загинаа над 59.200 Палестинци, главно жени и деца, а ја уништи инфраструктурата на Газа, го наруши здравствениот систем и предизвика катастрофален недостиг на храна.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Топлотен бран утре со температура до 43 степени – во недела не очекува дожд и грмежи

Следно

Тошковски синоќа на терен со полициските службеници од СВР Скопје, за осум часа 155 сообраќајни прекршоци

Latest from Blog

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop