Демократско движење: Артан Груби да даде одговор за хаосот на патот Скопје-Блаце

October 15, 2023
1 min read

реклама


„Во текот на месец јули годинава, Артан Груби поради нередот и долгите чекања во тунелот Скопје – Блаце, кој долго време беше предмет на неопходна санација, вети дека за да се избегнат долгите чекања како поради пристигнувањето на иселениците и зголеменото движење од двете страни на границата со Косово, работите во тунелот ќе бидат стопирани до крајот на август и дека санацијата повторно ќе започне на 1 септември за да се врати во нормала на 1 октомври. Сепак, се што кажа Груби е или манипулација или лага и тоа е веќе многупати докажано, па ретко кој му верува. Сега сме во средината на октомври и работата за жал не е завршена. Од двете страни на тунелот продолжуваат да се создаваат долги редици кои со право предизвикуваат иритација кај возачите. Има многу поплаки од граѓаните, особено оние кои секојдневно мораат да го користат овој пат. “, стои во соопштението на Демократско движење.

Од таму прашуваат дали оние кои толку долго прават еден мал тунел, ќе може да спроведуваат капитални проекти?

реклама

„Логично се поставува едно прашање, тие што не можат толку долго да поправат еден мал тунел, ќе спроведат капитални проекти?! 

Демократското движење апелира до надлежните институции да ја забрзаат работата за завршување на одисејата на оваа долготрајна санација или нека посочат кога точно ќе заврши непотребното малтретирање на недолжните граѓани, на кои Груби досега безсрамно им даваше „ветувања“ преполни со лаги. 

реклама

Всушност, странично од овој пат кој води кон границата со Косово „никнаа“ неколку казина и неколку хотели – вили, кои се полни со „муштерии“. Овие казина и чудни хотели-вили, за жал, во голема мера го избледеа имиџот на индустриската зона Визбегово, основана главно од албански бизнисмени. Груби, најгласниот претставник на ДУИ, изненадувачки молчи за ова зло…“, соопштуваат од Демократско движење.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен повторно патува во Израел

Следно

„Хигиена“ во Тетово со јавно-приватно партнерство, граѓаните ја обвинуваат општината, но и себе за нечистотијата

Latest from Blog

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, има повеќе откажани и одложени летови. На официјалната страна на Меѓународниот аеродром Скопје, од утринава откажани се летовите

Започна најголемиот зимски фестивал во Македонија – „Зимска приказна“ во Битола

Битола – Со синоќешниот концерт на групата „Супер хикс“ на платото кај Офицерскиот дом, официјално започна празничната манифестација „Зимска приказна“ во Битола, која и оваа година го оживува градот во пресрет на

ВЛЕН: ДУИ ја блокираше еднаквоста во високото образование

Скопје – Потпишувањето на колективните договори со албанските универзитети потврди дека проблемите со кои тие се соочувале со години не биле резултат на законски или институционални пречки, туку на политичкиот пристап на

Денес е Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската
Go toTop