Демант од Уставниот суд за тврдењата на Павле Трајанов: Судот не го отфрлил предметот за измените на КЗ, се води постапка

January 31, 2024
1 min read

Уставниот суд ги демантира тврдењата на претседателот на Демократски Сојуз, Павле Трајанов  искажани во емисијата „Аргумент Плус” на ТВ24 , емитувана во живо во 17:45  часот на 30.01.2024. Имено во 17 минута од емисијата господинот Трајанов споделува информација дека Уставниот суд ја отфрлил неговата иницијатива која се однесува на Законски измени на Кривичниот законик. Станува збор за неточна, непроверена информација со која се манипулираат гледачите, бидејќи Уставниот суд се уште води постапка за овој предмет и до овој момент нема донесено одлука. 

Судот остро реагира на констатацијата со која Трајанов објаснува дека како подносител побарал од Судот да се изрече т.н времена мерка и нагласува:

 „Да донесе времена мерка, да не се имплементира, да не се спроведуваат измените на Кривичниот законик, тие ја отфрлија таа иницијатива,а јавно коментираше, вклучително и претседателката на Уставниот суд дека апсолутно не поддржува вакви измени на Кривчниот законик”…

Покрај тоа што е неточна информацијата дека Судот ја отфрлил иницијатива, не е точно и тврдењето дека подносителот Павле Трајанов побарал т.н. времена мерка во овој предмет. 

Ваквиот контекст на претставување на предметот како завршена работа, освен што нанесува штета на угледот на Судот, поттикнува искривување на перцепцијата за факти кои Судот во изминатиот период јавно ги споделил. Имено, Уставниот суд согласно принципите на транспарентноста кои ги негува на 13 октомври 2023 година ја информираше јавноста дека е формиран предметот 162/2023 по поднесена иницијатива од Павле Трајанов и во кој е оспорен Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Дека на предметот се работи потврди и претседателката на Уставниот суд во неколку јавни настапи пред медиумите. 

Уставниот суд ги потсетува сите субјекти кои се сметаат дека се релевантни да зборуваат за работењето на Судот и за постапките кои се водат, пред да ги изнесат информациите во јавноста, прво да ги проверат, на тој начин да ги заштитат граѓаните од дезинформации, лажни вести и да поттикнат култура на информирање со точни податоци и со факти. 

Со оглед дека станува збор за тврдење кое е преземено и од други портали, а притоа се работи за предмет од јавен интерес за кој постојано се споделуваат непроверени информации во јавноста, Судот овој демант го споделува со сите медиуми.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вјоса Османи: На граѓаните да им се даде одреден рок пред целосното спроведување на одлуката за укинување на динарот

Следно

Малолетници од Тетово, украле „Хонда“ во Скопје, ја возеле неколку дена без регистрација

Latest from Blog

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.

Ристовски најави: 438.000.000 денари поддршка за македонскиот спорт

Македонскиот спорт ќе добие 438.000.000 денари поддршка од државата соопшти министерот за спорт Борко Ристовски во своето обраќање на денешното редовното годишно Собрание на Ракометната федерација на Македонија (РФМ). – После субвенциите
Go toTop