Демант од „Илинден“-Тирана: Зад нападите врз Никола Ѓурѓај стои стратегија за потиснување на Македонците

September 30, 2025
2 mins read

Нападите врз Никола Ѓурѓај, Претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана се дел од поширока стратегија за замолчување на Македонците во Република Албанија.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана упатува најостра реакција до така наречен портал burevestnik.bg бидејќи неговите пишувања се дел од медиумската стратегија за притисок врз Македонците во Република Албанија.

Тоа е обид да се замолчи вистината и да се покрие вистинската асимилаторска политика на Софија кон Македонците во Република Албанија од страна на бугарските емисари. Со лажни информации се напаѓа Никола Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана.

 

Тоа претставува класичен пример на медиумска манипулација во насока на дискредитација на личноста и работата на г-дин Никола Ѓурѓај, а не информација за информирање. Секој кој малку се разбира од ваквите текстови ќе добие одлична прилика да се забавува со хумор напишан во некоја бугарска канцеларија.

Во самиот наспис „Бугарскиот прстен околу Македонија – Македонците во паника – Бугарија го топи нивното население на два фронта“

Текстот е политички памфлет со јасна цел за оцрнување на г-дин Никола Ѓурѓај, како преседател на Македонското друштво “Илинден”-Тирана.

Затоа, најостра го осудуваме вакво однесување на таканаречениот портал кој потекнува од држава членка на ЕУ.

Имајќи ја предвид целта на ЕУ за неширење на лажни информации, цениме дека вакви портали не би можеле да се регистриаат, а камо ли да опстојуваат во ЕУ држава. Но, тоа е Бугарија каде се е можно. Очигледна и јасна е антимакедонска мисија на бугарските емисари сред Македонците во Албанија.

Како заштитници на македонскиот национален идентитет во Република Албанија, Македонското друштво “Илинден”-Тирана ќе ги информира сите релевантни институции и истовремено ги повикува институциите во Република Албанија да преземат конкретни мерки за заштита на албанските државјани со македонско потекло.

Во оваа прилика посочуваме и на фактот, премолчуван од така наречен портал, дека на сите пописи на населението во Република Албанија од нејзината независноста на 28 ноември 1912 година до 2022 госина ниту еден жител на Република Албанија не се декларирал како Бугарин.

Спротивно на сите пописи на населението во Република Албанија то 2017 година со уцени по европската иднина на Република Албанија, беа внесени Бугари во Законот за малцинства.

Истовремено, на така наречениот портал му порачуваме да ги чита и Резолициите на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) каде што се осудуваат обидите на бугарската држава со кои Македонците во Република Албанија се обидува да ги прикаже како Бугари. При тоа и дека Бугарија како држава има пракса не ги почитува меѓународните инситуци.

https://fuen.org/fileadmin/user_upload/congress_2018/FUEN_Resolutions_2018.pdf

Бараме меѓународната заедница од својата членка, Бугарија, да побара почитување на нашето основно човеково право да се декларираме како Македонци и да престане со ширењето на лаги и говор на омраза кон сите кои се декларираат како Македонци.

Г-дин Незир Меча, потпретседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Г-дин Фатри Фетаху, координатор на Македонско друштво “Илинден”-Тирана за областа Голо Брдо 

Г-ѓа Сабина Џелили, координатор на Македонско друштво “Илинден”-Тирана за Округот Елбасан

Г-дин Ламбе Шатровски, координатор на Македонско друштво “Илинден”-Тирана за татковината Македонија

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Европската унија со закон за критични суровини: рударството повторно приоритет

Следно

ЕСМ: Апел до потрошувачите за навремен старт на грејната сезона

Latest from Blog

Поранешен член на Европскиот парламент осуден за шпионажа за Кина

Поранешниот заменик-пратеник од крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (АФД) во Европскиот парламент, Џиан Гуо, денес беше осуден на четири години и девет месеци затвор за шпионажа во корист на Кина. Гуо,

ВИДЕО: Проданоски најави модерни сообраќајни решенија за Прилеп

Ќе го решиме проблемот со сообраќајниот хаос во центарот на Прилеп, обиколниците ,,Исток“ и ,,Запад“ се огромни капитални проекти, изјави Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на Општина Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоневски: Нови патишта, инвестиции и долгорочен развој за општина Пробиштип

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, им се обрати на жителите на градот со порака дека овие избори се заедничка приказна за „вистинскиот избор“ – за подобра инфраструктура, нови работни

Проданоски: Ќе го решиме проблемот со сообраќајниот хаос во центарот на Прилеп, обиколниците ,,Исток“ и ,,Запад“ се огромни капитални проекти

Обновата е наш завет наша мисија. Заедно можеме со чесност и одговорност да обезбедиме сигурна иднина за нашите сограѓани. Не верувајте во празни цзборови, верувајте во дела. Ние ќе покажеме како чесно
Go toTop