Делегација на Македонците од Албанија на средба со Сиљановска Давкова, најавена средба и со Мицкоски

August 1, 2024
1 min read

Претставници на Македонците во Албанија, со отворени карти пред Сиљановска Давковка, најавуваат и ,,тет а тет“ средба со премиерот Мицкоски следната недела во Охрид.

Фалсификуваниот попис во Албанија е резултат на договор меѓу Тирана и Софија, вели Васил Стерјовски, претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција од Албанија, за ТВ 24. Стерјовски кој денеска ја предводеше делегацијата на средбата во Вила Водно, вели дека отворено побарале поддршка но и правна помош од шефицата на државата.

– Нашата борба ќе биде во сите судски инстанци во Албанија и ако не победиме, спремни сме да одиме и во Стразбур. – вели Васил Стерјовски претседател на Македонската алијанса за европска интеграција од Република Албанија.

Ние за многу брзо ќе имаме средба и со премиерот Мицкоски. Ќе ги кажеме нашите сугестии како Македонија да помогне, за да опстојат Македонците во Албанија, затоа што ние како Македонци што живееме автохтоно на нашите територии, тие се едни од најзапоставените.

Според Стерјовски, потребно е долгорочно решение и национална стратегија, поддржана од сите македонски партии, вклучително и власта и опозицијата.

– Има повеќе работи што треба да се поддржат. Едно од нашите барања е Македонците во Албанија да добијат македонски државјанства. Затоа што поголемиот дел од Македонците немаат македонски државјанства. И не само тоа, туку да можат да земаат и лични карти. Како може, Бугарија да продава бугарски државјанства, им даваат фиктивна адреса и земаат лични карти. – вели Стерјовски.

Од кабинетот на шефицата на државата, пак, порачаа дека Сиљановска Давкова на средбата, ги поддржала напорите на претставниците на македонското малцинство во Албанија за унапредување на нивните права.

– Претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи важноста на пописот, секогаш, без исклучок да ја отсликува реалноста во секое општество. – велат од Кабинетот на претседателка на Република Северна Македонија.

За резултатите од пописот во Албанија реагираше и македонското МНР, а во земјава на консултации беше повикан и амбасадорот Данчо Марковски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелската армија тврди дека го убила и воениот шеф на Хамас – Мохамед Деиф

Следно

Стотици Словенци бараат отштета заради ковид вакцинацијата

Latest from Blog

Меџити: Заедничкиот развој и стабилноста се во интерес на Македонија и Косово

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во Старата скопска чаршија ја пречека претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу. На средбата разговараа за добрососедските односи, институционалната соработка и

Над 11 милиони денари промет на Македонската берза, најтргувана Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 27.10.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.858,11 поени. Во

„Кромберг и Шуберт“ и Германската стопанска комора ја зајакнуваат соработката во Битола

Фабриката на „Кромберг и Шуберт“ во Битола ја посетија директорката на Германската стопанска комора во Северна Македонија, Антје Ванделт, и заменик-директорката Лара Крстева Ичоќаева. За време на работната посета се одржал состанок

Коњановски: Енергетска фасада и нов систем за греење за ОУ „Стив Наумов“ во Битола

Во битолското ОУ „Стив Наумов“ денеска беа извршени примопредавање и технички преглед на поставените топлински пумпи, кои треба да го заменат досегашното греење со екстра лесно масло. Во присуство на градоначалникот на

„Фајненшел тајмс“ предупредува на недостиг на бакар од 2028 година – Македонија има значајно наоѓалиште во Иловица

Светот се подготвува за недостиг на бакар што може да ги погоди некои од најважните индустрии, од обновливите извори на енергија и електричните автомобили до вештачката интелигенција и одбранбениот сектор. Во анализа
Go toTop