ДЕБИТО НА ГЕОРГИ УНКОВСКИ „ДИЏЕЈ АХМЕТ“ ЌЕ ИМА СВЕТСКА ПРЕМИЕРА НА ФЕСТИВАЛОТ САНДЕНС

December 11, 2024
1 min read

„Диџеј Ахмет“, дебитантскиот филм на режисерот Георги Унковски, ќе има светска премиера на фестивалот Санденс кој ќе се одржи од 23 јануари до 5 февруари во Парк Сити, Јута. „Диџеј Ахмет“ е селектиран во конкуренцијата за награди на програмата Светски филм.  Унковски после 5 години се враќа на Санденс, најголемиот американски фестивал на независен филм, основан од легендарниот актер и режисер Роберт Редфорд. Неговиот успешен краток филм „Налепница“ во 2020 исто така имаше премиера на Санденс.

„Диџеј Ахмет“, на турски и македонски јазик, е драма со примеси на комедија  за Ахмет, 15-годишно момче од забито јуручко село во Истпчна Маккедонија, кое наоѓа прибежиште во музиката и сонува да стане диџеј додека се справува со очекувањата на татко му, конзервативната заедница и неговото прво искуство со љубовта – девојка која веќе му е ветена на некој друг. Се снимаше лани во октомври и ноември во селата Коџалија и Али Коч во Радовиш и во Скопје.

„Љубовта на прв поглед е она што му се случува на Ахмет кога Аја се појавува во неговиот живот. Токму тоа ни се случи кога за првпат го откривме Ахмет, неговиот брат Наим и колоритната екипа на филмот на Георги. И неверојатно трогателен и смешен, на чело со првокласната камера на Наум Доксевски (‘Домаќинство за почетници’), овој скапоцен камен од филм ќе и даде на публиката уникатна можност да го открие богатиот културен и визуелен пејзаж на Македонија“, изјави дистрибутериот „Филмс бутик“ кој ги има правата за меѓународна продажба на филмот.

Сценографи се Дејан Ѓошевски и Александра Чевреска, костимограф Роза Трајчевска, шминка и маска Душица Вуксановиќ-Дуда, снимател на тон Павел Јан, монтажер Михал Раих. Во главните улоги се Ариф Јакуп, Дора Акан, Наим Агушев и Аксел Мехмед. Во останатите улоги се Селпин Керим, Елхаме Билал, Адем Карага, Метин Ибрахим и други. Кастинг директор е Киријана А. Николоска.

Филмот е копродукција помеѓу „Синема футура“ и „Сектор филм“ од Македонија, „Алтер вижн“ и „Аналог вижн“ од Чешка, „Бекрум продукција“ и „Баш Челик“ од Србија. Продуценти на филмот се Иван Унковски и Ивана Шекуткоска.

Филмот беше поддржан со 23.5 милиони денари (околу 380.000 евра) на конкурсот на Агенцијата за филм за 2020 година во втор рок на одлучување, а доби поддршка од 160 илјади евра на паневропскиот филмски фонд Еуримаж.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коцевски: Премиерот дава политички изјави, не може јавнообвинителска одлука да се заснова само на извештај од ДЗР

Следно

Апелација за ставањето на Беџети на „црната листа: Во целост ги поддржуваме заложбите за борба против корупцијата

Latest from Blog

Wolt го олеснува подарувањето за 8 Март со Wolt Gifting

Оваа година, 8 Март е уште една убава можност да им оддадеме признание на жените кои го обликуваат нашето секојдневие – мајки, сестри, партнерки, пријателки, колешки, менторки и сите кои заслужуваат искрено

Проданоски: Почитта и еднаквите можности за жените треба да бидат секојдневие

По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, им го честиташе празникот на бројни жени кои секојдневно придонесуваат за развојот и напредокот на општината. Вчерашниот

ЈКП Комуналец – Прилеп: Исчистен комплексот „Езеро“, апел до граѓаните да ја чуваат природата

Спортско-рекреативниот комплекс „Езеро“ во Прилеп и неговата поширока околина се темелно и целосно исчистени и подготвени да ги пречекаат прилепчани за претстојниот сончев викенд, информираат од ЈКП Комуналец – Прилеп. Од јавното

Комерцијална банка и Алкалоид ја водеа ликвидноста – неделата со 94,71 милиони денари промет

Блок-трансакција со Алкалоид од 23,94 милиони денари ја обележа неделата – најголеми падови кај Шпаркасе и ТТК Банка Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.
Go toTop