Де Лихт прогласен за Играч на мечот: Три бода по три натпревари дефинитивно не се доволни

September 14, 2024
1 min read

Централниот бек Матаис де Лихт беше прогласен за играч на натпреварот по победата на неговиот Манчестер Јунајтед од 3:0 над Саутемптон.

Холанѓанецот се претстави многу добро за „црвените ѓаволи“ во одбраната по двете кошмарни грешки кои ги направи на паузата за репрезентациите, а со глава го погоди и првиот гол за победа на својот тим.

Токму овој гол во голема мера го сврте текот на играта.

-Победата очигледно беше многу важна за нас. Три бода по три натпревари дефинитивно не се доволни, така што имаше одреден притисок, но мислам дека денеска одигравме многу добро. Голема заслуга има и Андре Онана, кој го одбрани важниот пенал и ја промени играта. Тоа не е баш желба да се докажувам, повеќе дека некогаш работите не одат како што треба и треба да останете позитивни. За мене е важно да го најдам ритамот бидејќи одамна не одиграв два последователни натпревари во една недела, па среќен сум што одиграв еден и пол, изјави Де Лихт по натпреварот.

Тој потоа ги пофали играчите на „црвените ѓаволи“, поздравувајќи ги своите нови соиграчи додека ги уверуваше навивачите за неговата кондиција. Холанѓанецот беше заменет со Хари Мегваер, како и неговите соиграчи во одбраната, Нусаир Мазрауи и Лисандро Мартинез, при што сите тројца наидоа на различни проблеми во рок од само петнаесет минути.

-Уживам во ситуацијата, имаме одлична група, неверојатни играчи. Има многу млади момци кои треба да се развијат. Се надевам дека ќе постигнеме уште слични резултати и ќе се развиваме како тим. Добро сум, само имав благ грч во последните неколку минути. Ова е мојата прва недела со три натпревари по ред во пет месеци. Сакав да играм до крај, но тренерот реши да ме замени, заклучи Де Лихт.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Некој ќе оди „курбан“ од Кабинетот на претседателката за скандалот во Бугарија

Следно

Кабинетот на Сиљановска-Давкова: Ќе побараме објаснување од бугарската страна

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop