Даскаловски во 24 анализа: Функционери од власта и опозицијата но и интелектуалци од Македонија да седнат на маса и да разговараат за безбедноста и економијата

March 6, 2025
1 min read

Универзитетскиот професор Жидас Даскаловски во 24 анализа рече дека во моментов
најважно е интелектуалци но и функционери од власта и опозицијата да седнат на маса и
да поразговараат за безбедноста и економијата во нашата држава. Според него, потребно
е свикување и на Советот за безбедност.

„Состојбите се непредвидливи и паметно е да се свика Совет за безбедност но би било
умно сега и не само заради војната во Украина и европското менување на курсот туку и
заради предизвиците кои ги има Балканот. Генерално би било паметно сите умни галви и
политичари од сите партии и Претседателка без разлика на се да разговараат и да се
види каде сме и безбедносно и економски. Големи предизвици имаме и кај нас но и во
регионот посебно со ситуацијата во Германија бидејќи ние сме поврзани со Герамнија.
Треба да гледам каде сме“, рече Даскаловски.

Тој зборуваше и за тоа дека поради конфликтот Вашингтон – Брисел тешко дека САД ќе
покаже интерес и волја да влијаат врз процесите за проширување на ЕУ.

„САД биле промотор на еворпските интеграции од почеток, тие секако дека имаат
влијание и врз процеот на проширување но со овој конфликт сега меѓу Вашингтон и
Брисел тешко дека ќе имаат и интерес и волја да влијаат на овие процеси во Балканот и
нашите проблеми со Бугарија. Но дека е битно да ја имаме таа пдоршка е битно. Во
принцип ние треба да размислиме што сакаме и што можеме за да почнеме преговори со
ЕУ, дали можеме со новата влада таму, спред тоа што слушнавме во Минхен тие
разговаарт на некакво ниво, дали може да очекуваме гаранции мислам дека не, дали ќе
нема условувања во иднина исто така не може да очекуваме. Ако се оди храбро со Бугари
во Устав одложено дејство можеби ќе тргне процесот“, објасни Даскаловски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тенисерките ќе добиваат платено породилно отсуство

Следно

Боцевски: Да почекавме малку, ќе влезевме во НАТО со Финска и со Шведска со многу подобар договор од Преспанскиот

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop