Даштевски: Подготовките за изборите одат во правец тие да бидат фер и демократски

February 9, 2024
1 min read

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски во вечерашното гостување во емисијата ,,Аргумент плус” истакна дека подготовките се во правец изборите да бидат фер и демократски според врвните стандарди на ОБСЕ/ОДИХР.

Даштевски нагласи дека очекува мирна и фер кампања. Тоа што се шест члена не попречува навреме да се организираат за изборите и покрај нивната комплексност бидејќи се двојни.Тој истакна дека имало интерес и од странците зошто и натаму не е пополнето седмото место во ДИК кое и припаѓа на опозицијата.

Фингерпринтовите се чуваат заштитени и се во одлична состојба за биометриската проверка на податоците да се одвива непречено. Системот е врвно ИТ заштитен, рече тој, и не очекува хакерски напад како тој од 2020 година. Најави едукација за медиумите односно новинарите и за граѓаните за изборното право.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Седницата за разрешување на Меџити и Алиу може да потрае неколку дена

Следно

Сметот на Шар Планина ги испокара политичарите, тие ја префрлаат одговорноста

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop