Дарко Костовски кандидат за градоначалник на Скопје!? Човекот што го претвори Бутел во модел на успех, подготвен да го направи главниот град вистинска европска метропола

April 11, 2025
1 min read

Кратка, но значајна објава на социјалните мрежи од градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, предизвика позитивни реакции и дебата во јавноста. Со веќе познатата фраза за граѓаните на главниот град „Скопје и се е можно“, Костовски ја остави отворена можноста за нов, голем чекор во неговата политичка кариера – можен кандидат за Градоначалник на Град Скопје, пишува GAZETA.MK.

Дарко Костовски е еден од најактивните и најпосветените градоначалници во државата. Од првиот ден на преземањето на функцијата во општина Бутел, тој работи со иста енергија и решителност, реализирајќи ги прецизно сите изборни ветувања дадени пред граѓаните.

Транспарентноста, неуморната работа и постојаната заложба за подобрување на животот во секој агол на Бутел го направија почитувана и омилена личност кај сите жители, без оглед на етничката припадност или политичките убедувања.

За многумина, Костовски е пример за градоначалник кој не само што зборува и ветува, туку и дејствува. И токму затоа неговото име се почесто се споменува како идеален кандидат за водење на Скопје во нов развоен период. Според сите индиции, тој е вистинската личност што може да го трансформира главниот град во вистинска, модерна и функционална метропола.

Политичката сцена во Скопје станува се подинамична, додека граѓаните очекуваат ново лидерство со визија и посветеност. Доколку Дарко Костовски одлучи да се кандидира, нема сомнение дека ќе донесе нова енергија, јасна визија и, пред се, доверба дека Скопје повторно може да се врати на вистинскиот пат и да стане еден од најатрактивните главни градови во регионот.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ќоку: ВЛЕН останува компактен и обединет, поделбата на општините и деталите ги ставивме во втор план

Следно

Норис и Пјастри со најдобро време на тренинзите во Бахреин

Latest from Blog

Проданоски: Стотици учесници на јубилејната велосипедска манифестација во Прилеп

Јубилејното 20-то издание на традиционалната рекреативна манифестација „Сите на велосипед“-2026 успешно се одржа денеска во Прилеп, со учество на голем број велосипедисти, млади, деца и љубители на спортот и рекреацијата. Учесниците возеа
Go toTop