Даравелски доби ново судење: Кривичен и Апелација пресекоа дека не знаел оти треба да оди во затвор

February 14, 2023
2 mins read

Од Кривичен велат дека ја ценеле законската одредба која вели дека ако некој е осуден во отсуство, може да добие ново судење доколку се поднесе барање за повторување на постапката во рок од една година од денот кога осудениот дознал за пресудата со која е осуден во отсуство

Логична се чини претпоставката дека Даравелски и формално бил информиран дека е правосилно осуден во Македонија кога во март 2016 г. беше уапсен во Србија врз основа на потерница која била распишана од страна на македонските судови

Поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски, најверојатно, наскоро ќе биде слободен човек откако Основниот кривичен суд Скопје и Апелација му го одобрија барањето да добие ново судење. Тој во отсуство во 2008 година правосилно беше осуден за делото злоупотреба на службената положба и овластувања, за кое е речиси извесно дека настапила застареност, па на стартот на новиот судски процес тоа веројатно само ќе се констатира.

Официјално, од Кривичен велат дека постапката против Даравелски не е запрена.

„Заради појаснување, известуваме дека кривичната постапка против обвинетиот Драган Даравелски не е запрена односно со конкретното решение се дозволува повторување на постапката и ќе биде оформен нов предмет кој ќе биде распределен на понатамошно постапување“,

велат од судот.

Меѓутоа, откако новиот предмет ќе биде распореден кај нов судија, како што брифираат упатени во проблематиката, судијата може сам да констатира застареност или за тоа да поднесе барање неговиот адвокат.

Апсолутна застареност за Даравелски има со оглед на тоа што активностите за делото за кое се гони (злоупотреба на службена положба и овластувања) биле во периодот од 1999 до 2002 година. Соддветно на ова, доколку е предвидена максимална казна од 10 години, со завршувањето на 2022 година настапила апсолутна застареност бидејќи поминало двојно повеќе време (во случајот 20 години) од предвидената максимална затворска казна.

Кривичен и Апелација едногласни, ОЈО Скопје негодувало

Дека Даравелски треба да добие ново судење, едногласни биле и Основниот кривичен суд и Апелацискиот суд Скопје.

Имено, неговото барање првично било одобрено од кривичен совет во првостепениот суд. Со ова не се согласило Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје кое поднело жалба. Апелација одлучила и денеска во првостепениот суд стигнала нејзината одлука дека во целост се потврдува решението на Кривичен дека на Даравелски треба да му се суди одново.

Тој ќе го добие решението денеска во затворот „Идризово“ каде се наоѓа нешто повеќе од еден месец откако по 20 години бегство во Србија самиот се појави на граничниот премин „Табановце“ каде веднаш беше приведен од македонската полиција. По пристигнувањето на решението тој ќе биде пуштен на слобода.

Како Даревелски не дознал за пресудата

Даравелски се „предаде“ на 10 јануари годинава, а веќе наредниот ден преку адвокатот Душан Шарановиќ поднесе барање за ново судење.

При одлучувањето за неговото барање од Основниот кривичен суд велат дека советот што одлучува ги ценел ставот 2 од членот 3 во Вториот додатен протокол на Европската конвенција за екстрадиција, но и одредбата од ставот 1 од членот 424 од Законот за кривична постапка. Оваа одредба од ЗКП во пракса значи дека Даравелски, всушност, сите изминати години не знаел дека е правосилно осуден односно дека за тоа дознал пред не повеќе од една година.

„Во конкретниот случај, советот го ценел член 3 став 2 од Втор додатен протокол на Европската конвенција за екстрадиција како и одредбата од член 424 став 1 од ЗКП, според која кривичната постапка во која некое лице е осудено во отсуство, а настапила можност повторно да му се суди во негово присуство ќе се повтори ако осудениот или неговиот бранител поднесе барање за повторување на постапката во рок од една година од денот кога осудениот дознал за пресудата со која е осуден во отсуство“,

пишува во објаснувањето од Кривичен за одлуката.

Дилемата што логично се наметнува е како поранешниот директор на Царинската управа не знаел за пресудата од седум години затвор која е правосилна од 2008 година.

Македонските власти бараа негова екстрадиција од Србија во четири наврати: 2004, 2013, 2016 и 2020 година. Ова значи дека трите последни барања се испратени откако пресудата веќе била правосилна.

Логична се чини претпоставката дека Даравелски и формално бил информиран дека е правосилно осуден во Македонија кога во март 2016 г. беше уапсен во Србија врз основа на потерница која била распишана од страна на македонските судови.

Тој и во 2004 година беше уапсен во Србија, му беше определен екстрадициски притвор, но никогаш не беше испорачан.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Џо Роган „го папаше“ заради пари и пица

Следно

СЗО за земјотресите во Туркије: Сведоци сме на најголемата природна катастрофа во последните сто години

Latest from Blog

Пленковиќ: Имав многу добар разговор со Трамп

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ имал телефонски разговор со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кому му честитал за реизборот, објави премиерот на X. – Само што имав многу добар разговор со Доналд Трамп

НБА: Ванвлит казнет со 50.000 долари

Кошаркарот на Хјустон, Фред Ванвлит (30) е казнет со 50.000 долари поради непримерно однесување кон официјалните лица на натпреварот против Портланд, објави вечерва НБА лигата. Ванвлит доби техничка грешка во последните моменти

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Доне Таневски, најголемиот акционер во хотелската групација „Македонија турист“, го намали својот удел од 23,4% на 17,72%, по продажбата на 25.669 акции. Македонска берза ја потврди продажбата, при што Таневски сега поседува

Костадинов: Горд сум што мојот предлог доби преубава реализација

Секој еден градоначалник и политичар треба најпрвин да биде човек, а потоа се останато, напиша градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, на својот фб профифл. Многу сум радосен за прекрасниот почеток на

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Независниот синдикат на одбраната информира дека денес Министерството за одбрана исполни уште една своја обврска од колективниот договор, исплатени се средствата кои беа заостанати од потпишувањето на КД заклучно со јуни. Исплатата
Go toTop